Еве што навистина мисли за Жан Митрев НАРОДОТ ВО МАКЕДОНИЈА, според она што го читаме на Фејсбук
„Оставете го човекот на мира, народот има потреба од него“
Пред неколку дена ни падна во очи еден пост објавен на порталот Макфакс за судењето на познатиот кардиохирург Жан Митрев.
Во текстот што беше објавен се вели дека познатиот доктор во судницата бил опкружен со четворица адвокати.
Впрочем така гласеше и насловот на текстот („Му се суди на Жан Митрев, тој во судница опкружен со четворица адвокати“), во кој имаше и видео од четвртиот обид да почне судењето против него откако претходно судењата се одложуваа поради недоставени докази, пишува Макфакс.
Но она што нам ни го привлече вниманието, беа коментарите под објавата на овој текст на социјалната мрежа Фејсбук.
Ние нема да даваме никаква забелешка за нивните коментари, но од друга страна нема ни да го премолчиме фактот дека покрај револтираните граѓани од целиот процес кои се на страна на хирургот, има и такви кои сметаат дека е „виновен“ и дека треба да му се суди, но ваквите коментари се несразмерно помалку, речиси минорни во однос на оние што го бранат.
Но, да тргнеме по ред и за да ви ја доловиме ситуацијата, прочитајте ги нивните мислења, па сами донесете заклучок.