Македонската Гранд ѕвезда откри дали е заљубен – БЛЕСКА ОД СРЕЌА, ова е НЕГОВАТА АМАЈЛИЈА
Мите со својата нова песна го освојува регионот
Македонскиот пејач Митко Стоилков се прослави во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ каде го освои високото четврто место.
Тој деновиве беше повторно да го посети студиото на „Гранд“ за да ја промовира неговата најнова песна „Амајлија“.
Во интервјуто за „Гранд.онлајн“ тој се присети на деновите додека беше дел од шоуто, но и откри дека по цела година и пол конечно се видел со неговата поранешна менторка Вики Миљковиќ.
Пејачот беше запрашан и за совет за сите оние што се натпреваруваат како и најголемата лекција што ја научил од шоуто.
„Ова беше големо искуство за мене, најдобро е да се изберат добри песни, да се бориш и да се покажеш во најдобро светло, порача Митко.
Тој потоа откри и дали неговата песна „Амајлија“ е посветена некому и дали во моментот постои некој во кого е вљубен.
„Не сакам премногу да зборувам за тоа, но признавам дека сум заљубен. Фала му на Господ, сé е во ред во приватниот живот“, вели тој.
Инаку, песната Амајлија е првата песна што Мите ја снимаше за Гранд продукција. Тој долго време по шоуто не објави ништо, а како што самиот вели, тоа било така затоа што му требало малку повеќе време да работи на самиот проект, но и обврските околу студиите.
Имено, цело време додека работи на својата музичка кариера тој напоредно и ги завршуваше студиите, што е секако за пофалба.
Митко за време на натпреварот во шоуто важеше за скромно момче со ангелски глас и неверојатен талент, а како звучи неговата песна, доколку се уште не сте ја слушнале, преслушајте ја во продолжение.
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков