Се подготвувале за веселбата: Пет девојки убиени пред свадбата на нивната пријателка
Пет девојки од Минесота кои по повод свадбата на нивната пријателка правеле тетоважи од К'на, загинале во сообраќајна несреќа, откако човек кој бегал од полицајци со автомобилот удрил во нивниот автомобил.
Сабириин Али (17), Сахра Гесааде (20), Салма Абдикадир (20), Сагал Херси (19) и Сихам Адам (19) беа идентификувани како жртви на ужасниот инцидент.
Жените биле на пазарење на работи кои им биле потребни за ставањето К’на за свадбата на нивната пријателка утредента.
Девојките биле на пат кон дома кога се случила несреќата.
Почнаа да возат по улицата Лејк нешто пред 22 часот кога теренец следен од полициски службеници поминал на црвено светло и удрил во нивниот автомобил.
Сите петмина биле прогласени за мртви на местото на несреќата. Возачот е 27-годишниот Дерик Џон Томпсон, објави Минеаполис Стар-Трибун.
Томпсон се обидел да побегне од местото на настанот, но бил пронајден блиското Тако Бел, откако очевидци повикале полиција.
Тој возел со 100 километри на час на место каде постои ограничување од 55 килиметри на час.
Според директорот Калид Омар, петте девојки бил биле редовни во исламскиот центар Дар Ал-Фарук во блискиот Блумингтон, Минесота.
„Тие се бисери на нашата заедница. Оставија голема празнина. Сите пет имаа светла иднина“, рече тој.
Али штотуку завршила средно училиште и требало да оди на Универзитетот во Минесота, додека останатите четири моментално биле на колеџ.
„Тие не правеа ништо лошо“, додаде Омар. „Само се подготвуваа за свадбата на нивниот пријател“.
Сите пет треба да бидат погребани денеска.