Најубавиот подарок го доби од Анастасија: По загубата на бебето Цеца од ќерка си доби посебен подарок, има големо значење за неа (ФОТО)
Цеца ја откажа прославата...
Фолк дивата, Цеца Ражнатовиќ на 14 јуни го прослави својот 50-ти роденден.
Цеца од своите фанови доби бројни подароци, а таа изгледаше привлечно дури и во тренерки.
Со нова фризура и без трошка шминка на лицето Цеца доби низа комплименти дека изгледа совршено и во најлежарно издание.
Но, деталот кој на сите им падна во очи е златниот синџир околу вратот со знак од три букви – „мама“.
Тоа ланче Цеца го добила од Анастасија која и го купила на својата мајка за роденден, а не е тајна дека фолк дивата секогаш била најголем поддржувач на младата пејачка која сега минува низ тежок период поради загубата на бебето.
Да потсетиме, Цеца ја откажа големата прослава која ја организираше во елитен ресторан во Белград поради состојбата на Анастасија.
Нејзината ќерка и зетот Немања Гудељ, го изгубија бебето во петтиот месец па поради тоа пејачката истакна дека не е вистински момент за голема прослава и својот 50-ти роденден го прослави во кругот на најблиските.