Со најпопуларниот кошаркар, Никола ЈОКИЌ, на БУРЕК- желбата на 80 -годишниот дедо Стеван од Сомбор
Го буди цел град за да гледаат натпревар кога игра, нивниот сограѓанин, најславниот кошаркар на светот, златната 15
Многу непроспани ноќи за дедо Стеван Шегрт од Сомбор. Тој има 80 години и е еден од настрасните навивачи за тимот од Колорадо, „Денвер Нагетс“, поточно за моментално најпоуларниот кошаркар Никола Јокиќ кој потекнува од Сомбор, а игра за овој тим.
Телеграф.рс во интервју со симпатичниот дедо открива за јавноста дека тој го станува цел град на нозе кога игра златната 15, популарниот Јокиќ. Облечен во маица со легендарниот кошаркар го пречекал тимот новинари подготвен за ова интервју, да си ја отвори душата и да ја раскаже сета љубов кон високото момче што ја прослави Србија низ светот.
За него тој е скромно малдо момче, кое не гледа низ призма на пари туку ја сака кошарката со целата душа.
Дедо Стеван имал среќа да го сретне во живо Јокиќ минатата година.
– Тој е храна за душата и телото, исто како и Ѓоковиќ. Го пратам светскиот спорт. Никола го знам многу одамна, а минатата година кога беше овде во Сомбор случајно се сретнавме во продавница. Имаше малку време, па поразговаравме. Првично, како негов голем обожавател го замолив за едно „селфи“. Тој со неговата долга рака го чкрапна телефонот, раскажува со радост во очите дедо Стеван.
Вели, го гледам така пред мене, висок до плафон.
– Му велам, Никола ти си змеј!Тоа го изненади затоа што, нели сите го нарекуваат Џокер. Ме праша, а дали анвистина така мислиш, јас му потврдив. Ми делуваше многу скромно и нормално. Кога гледам во него и во Ѓоковиќ не гледам пари туку човечка вредност, тоа е реткост. Тие се вистински луѓе, раскажува големиот фан.
Stevan Šegrt(80)from #Sombor, watched all the games and he is permanently engaged as a volunteer in the awakening of the Sombor fan group of @nuggets @ktib0r @Nikodijevic1 @SECsombor Let’s get the ring #sombor shuffle @DNVR_Nuggets @NuggetsSrbija @ChrisMarlowe @Adam_Mares @NBA pic.twitter.com/S9qco2xJxw
— Srdjan Vlaskalic (@srdjanvlaskalic) May 23, 2023
Г-н Шегрт ги има изгледано сите натпревари на „Денвер“.
Негова голема желба е следниот пат кога ќе се сретнат со Јокиќ, да го носи на бурек.
– Ако повторно го сретнам, ќе го повикам на бурек, да го частам. Тој сака бурек и јас исто. Ако повторно се сретнеме, но кој знае дали ќе има време. Потребно му е одмор и време со семејството, со коњите, со животните , скромно зборува дедо Стеван.