Згодната Верица Донев, модел, а од неодмна во улога и на водителка на новото тален шоу „Пат до ѕвездите“ е дефинитивно една од најубавите Македонки.
Девојката со темен тен, полна усна и сјаен поглед има над 33 илјади следбеници на нејзиниот инстаграм профил.
Бринетата со препознатлива бујна коса, долги нозе и облини од милион долари ги расположи фановите со најнова фотографија во блескаво издание.
Фотографирана во секси модерен црвен фустан кој отрива доволно кожа за да не биде вулгарно, а дамски, но да се истакне тетоважата на Верче, која најверојатно е нова.
Блиску под градите, манакенката и модел Донев ставила вечен печат на своето тело, тетоважа со натпис со ситни букви на англиски јазик.
Дали можете да прочитате што пишува?
Верица последните неколку години го привлекува вниманието кај јавнсота. Таа е убавица која плени. Често-пати на јавни настани се појавува во креации на македонскиот бренд „Елена Лука“.
Секоја недела ја гледаме на Алфа ТВ на новата емисија „ Пат до ѕвездите“ како водителка. Одлично се снаоѓа и постојано добива пофални критики.
Оваа млада убавица има насмевка од која запира здивот.
Погледнете неколку фотографии од нејзе во галеријата што ви ја подготвивме, не можејќи да се одлучиме која фотографија да ја одбереме, бидејќи секаде е прекрасна.