Ова е причината за смртта на синот на Енес Беговиќ – БОРБАТА траеше 4 дена, почина во татковите раце
Таткото скршен од болка, пријателите го држат да не падне
Синот на пејачот Енес Беговиќ, Амир Беговиќ почина во вторникот на 30 годишна возраст, во Клиничкиот центар во Сараево.
Неговиот татко, познатиот босански пејач Енес Беговиќ, до последен момент беше со него.
Како што објавија медиумите од соседството, на Армин во организмот му се појавила бактерија која предизвикала до сериозни проблеми.
Тој бил болен од автоимуна болест, а откако ситуацијата се искомплицирала, тој во саботата бил примен во болницата.
По само четири дена тој починал и покрај тоа што докторите пружиле максимален напор, но за жал, болеста била посилна.
Како што пишува „Ексклузива.ба“ тој од самото раѓање имал автоимуно заболување со кое се борел со години, а најголема улога во неговата секојдневна борба имал и татко му Енес.
Тие заедно посетиле голем број клиники и доктори, а лекот што го нашле пред неколку години, Армин го примал секој месец. Во прашање се скапи инјекции кои ја стабилизираа неговата состојба, но по некое време ситуацијата повторно му се влошила.
Како што раскажува извор близок до семејството, Армин се лечел и во Турција, но сé било тешко бидејќи во прашање е болест на коските.
И камен би заплакал
Младиот Армин кој вчера беше погребан на гробиштата во Сараево зад себе остави бремена сопруга која во секој момент треба да се породи.
На погребот беа присутни многу познати лица, а пријателите цело време го држеле таткото за да не падне.
Енес од својот син се збогуваше со емотивни зборови, а глетката беше толку тажна што на многумина им се насолзија очите:
„Сине мој, ова е последно збогум, засекогаш ќе те сакам“, изустил тој скрешен од преголемата болка, пренесува порталот „Република.рс“.
Пријателите на Енес му изразија сочувство, а на неговото лице може да се забележи голема болка и тага за синот што ненадејно почина.
Како што пренесуваат медиумите, на погребот не присуствувале мајката и сопругата, а разлог се нивните верски обичаи.
Инаку, сопругата на Армин, Алмина Гаџо Беговиќ, во секој момент би требало да се породи.