Мајката на Марко го насмеа целиот Балкан – НЕ МУ ВЕРУВАЛА дека ќе го заврши факултетот, па му се извини на генијален начин
„Му се извинувам на син ми Марко што не верував дека ќе го заврши факултетот“, пишува на билбордот што го закупила оваа мајка во центарот на Белград
Интересен билборд се појави деновиве на една улица во Белград и веднаш стана хит на социјалните мрежи.
„Му се извинувам на мојот син Марко што не верував дека ќе заврши факултет. Ти честитам сине, небото е граница. Мама Дијана“, пишува на необичниот билбордот за кој што зборува целиот регион.
Билбордот се наоѓа преку патот на Музејот на југословенската историја 25 Мај и претставува вистинска атракција.
Како што објави српскиот „Телеграф“, билбордот е наменет за Марко кој завршил Економски факултет, а за време на студиите и студирал.
Неговата слика од детството се наоѓа на самиот билборд, а Телеграф објави и фотографија на која Марко стои до билбордот.
Jedna je majka pic.twitter.com/0ooLSsoZwW
— Ivana Božović (@bozovicspa) June 13, 2023
Како што пренесува овој медиум, неговата мајка Дијана не верувала дека тој ќе има истрајност да го заврши факултетот, па во една пригода му ветила ако го заврши дека јавно ќе му се извини и тоа ќе го постави на билборд.
Нејзиниот син Марко заради работата го остави, факултетот во мирување, така што го завршил по 12 години.
Kakav bilbord u Beogradu! ❤️🍀🥰 pic.twitter.com/AivuAfu2vg
— Mi ili On (@Ceca2103) June 14, 2023
Неговата мајка го исполнила ветувањето, пишува српскиот „Телеграф“, така што сега ќе има уште една причина за славење бидејќи нејзиниот наследник по завршувањето на студиите планира да се жени.