Цеца денес полни 50 години – еве од кого си ја доби НАЈУБАВАТА ЧЕСТИТКА, видеото ќе ја расплаче
Неодоливо видео со Анастасија и Вељко, еве како и го честитаа роденденот
Цеца цел ден добива честитки
Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ денес го слави својот 50-ти роденден во кругот на своето семејство, во нејзината куќа.
Цеца реши да не прави голема прослава која веќе беше испланирана, заради големата трагедија што и се случи на нејзината ќерка.
Имено, Анастасија која беше во петтиот месец од бременоста, неодамна го изгуби бебето, а тажната вест ги погоди сите.
Таа по трагичниот настан се врати во Белград, каде заедно со својот сакан Немања Гудељ меѓу првите и донесоа подарок на Цеца.
Имено, тие уште пред неколку дена и ја донесоа тортата на која со големи букви пишуваше „Мајка, жена, кралица“.
Инаку, пејачката цел ден преку социјалните мрежи добива честитки како од фановите, така и од своите бројни колеги.
@cecalivenews Taša i Veljko 🥹 #zvezdegranda #cecaraznatovic #balkanci #viralvideo #srbija #balkanmusic #balkantiktok #anastasijaraznatovic #foryou #citati #fypシ #fyp #cecalivenews #ceca#anastasijaraznatovic
Но најголемо внимание привлече едно видео што исплива на социјалната мрежа ТикТок, а во кое Вељко и Анастасија пеејќи песни и го честитаат роденденот на својата мајка. Тие позираа насмеани и весели, а снимката најверојатно е од порано бидејќи на неа децата на Цеца изгледаат многу помладо.
И голем број колеги исто така и го честитаа роденденот на пејачката, а меѓу првите беше нејзината колешка Дара Бубамара.
Покрај Дара, Цеца доби честитки и од многу други колеги, а некои од нив погледнете во продолжение.
Потсетуваме, Цеца реши да ја откаже прославата на јубиларниот роденден откако нејзината ќерка го изгуби бебето.
„Јубиларниот 50-ти роденден нема да го славам од познати причини. На нашето семејство му се случи трагедија и едноставно не е момент за прослави. Ниту било кој друг би прославувал кога такво нешто би му се случило. Животот не ме галел, имав навистина големи загуби, успони и падови. Знам да се соочувам и со најтешките и со најубавите моменти“, истакна пејачката во својата последна емисија Цеца шоу и додаде:
„Сега приоритет ми е Анастасија да продолжи понатаму, како и Немања. Сите да се издигнеме заедно како семејство и да ја преболиме таа болка што ќе остане во нас. Човекот мора да оди понатаму“, изјави фолк-дивата во своето шоу што го снима во соработка со Блиц телевизија.
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм