Ненадејно почина синот (29) на познатиот фолк-пејач кој наскоро требаше да стане татко
Тажна вест го потресе регионот
Синот на познатиот босански пејач Енес Беговиќ (58), Армин Беговиќ, ненадејно почина, пишува босанскиот портал „Аваз“
Армин живееше во Сараево, а според последните информации работел во Министерството за надворешни работи.
Неговиот татко, Енес Беговиќ, е познат пејач на народна музика кој е на сцената од 80-тит години на минатиот век.
Енес и неговата сопруга Аземина со децении се во складен брак и покрај синот Армин ја имаат и ќерката Аријана.
Како што пренесуваат босанските медиум, Армин имал 29 години и наскоро требало да стане татко.
Наследникот на познатиот пејач починал во Клиничкиот центар во Сараево, а по веста за неговата смрт се огласи и некогашниот фудбалер Амир Спахиќ, сопругот на познатата босанска пејачка Елведина Шехиќ, кој беше „шокиран“ од трагедија.
„Навистина не можам да верува, ретко добро момче, секогаш насмеан, расположен, културен, зборовите се непотребни“, напиша тој.
„Пред 10 дена баш се дружевме, брате. Нека Алах ти ги подари сите џенетски убавини, а за семејството сабур“, пишува Амир.
Инаку, таткото на Армир, Енес, во една пригода за Експрес.ба отворено зборуваше како семејството му трпи заради неговата работа.
„Откако се оженив најмногу трпеше моето семејство, моите родители… Посебно трпеа мојата сопруга и децата со кои поминував многу малку време заради работата. Жалам заради тоа. Ми поминаа некои работи кои денес, да можам, поинаку би ги реализирал. Повеќе внимание би посветил на моите деца кои останаа желни за мене бидејќи имав многу малку време да си играм со нив, дружам.“
Тоа отсекогаш ми пречеше бидејќи сум семеен човек. Работата тоа ми го одзеде. Ех, кога би можел да го вратам времето, изјави Енес тогаш.
Инаку, пејачот своето прво дете го добил на 25 години.
„Кога помислив дека ќе бидам татко се чувствував прекасно. Имав некое претчувство дека ќе биде женско, ја замислував со руса виткана коса и со плави очи кои та навистина ги има. Тоа е неверојатно, никој не ми веруваше“, раскажуваше Енес во една пригода.
Фото: Фејсбук
Фото: Фејсбук