Реклама
Celebrity

Анастасија Ражнатовиќ во посета на манастирот Острог: Не може да се помири со загубата на бебето- еве кој и прави друштво на ова свето место

Анастасија се уште не може да се опорави од загубата на бебето...

Реклама

Пред околу еднен месец, Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ споделија тажни вести со јавноста.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Парот го загуби бебето, во петтиот месец од бременоста. Анастасија не се огласи по тој повод, но нејзиното момче Немања Гудељ замоли на разбирање бидејќи ова е тежок момент за нив.

фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Медиумите сега пишуваат дека Анастасија пред неколку дена тајно престојувала во манастирот Острог.

Маркетинг
фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Како што дознава Курир од извор кој бил присутен во истиот момент, ќерката на Цеца Ражнатовиќ го посетила ова светилиште во друштво на нејзиниот вереник Немања, неговиот брат Драгиша и неговата девојка.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

По враќањето од Шпанија, Анастасија останала неколку дена во семејната куќа на Дедиње, а потоа со своето момче заминала во Требиње, каде поминале неколку дена одмор.По враќањето од Требиње решиле да го посетат едно од најголемите светилишта во Црна Гора.

Маркетинг
фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

– Анастасија дојде во манастирот да ги целива моштите на св. Василиј. Таа беше во друштво со момчето  Немања, неговиот брат и уште една девојка. Анастасија се трудеше да биде крајно незабележлива. Таа се однесуваше како сите обични верници. Беше без шминка, во тексас јакна. Се чинеше дека многу ослабела, сето ова лошо што и се случило оставило свој белег на неа. Штом пристигнале, дежурниот монах им прочитал молитви за здравје и спас. Останаа извесно време во Горниот манастир, купија сувенири и запалија свеќи. Анастасија и браќата Гудељ не сакаа да се дознае дека се на Острог, па на социјалните мрежи не објавија ниту слики. Сепак, иако пејачката се обидела да биде незабележителна, некои посетители на манастирот ја препознале и побарале да се фотографираат. Таа не ги одби, иако тој ден не и беше желба да се слика – изјавил изворот за српски Курир.

фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Инаку манастирот Острог е посветен на Свети Василиј Остошки. Неговите мошти се наоѓаат во овој манастир кој е еден од најчесто посетуваните на Балканот.

фото архива

Острошкиот манастир има над 100.000 посетители годишно. Го посетуваат верници од сите делови на светот. Да се помолат за здравје доаѓаат сите: православни, католици и муслимани.

фото архива

Според расказите на аџиите, молејќи се по неговото тело, многумина биле излечени и молитвите им се исполниле.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button