Матурантот Лука почина пред 15 години – беше ЅВЕРСКИ ПРЕТЕПАН од тинејџери кои го убија од досада
Лука сега би имал 33 години - неговото име денес е симбол за борба против насилството
Пред точно петнаесет години осумнаесетгодишниот хрватски матурант од Графичкото училиште, Лука Риц, беше свирепо убиен.
Насилниците кои во 2008 година, на вчерашниот датум, го извршија овој страшен чин подоцна признаа дека тоа го направиле од досада.
Момчето беше убиено додека го чекал автобусот со својот пријател. Тогаш им се приближиле 16-годишно и 17 годишно момче кои им побарале пари и цигари.
Потоа без никаква причина, 16-годишното момче го нападнал Риц кој во тој момент седел на тротоарот, по што паднал на патот
Тогаш младите насилници продолжиле да го удираат, по што Риц во еден момент станал и се обидел да избега.
Но момчињата успеале повторно да го турнат на земјата и да го удираат нанесувајќи му повреди од кои Риц по 12 дена ќе почине.
Како што пишуваа хрватските медиуми, на полицијата им требаше пет месеци да ги пронајдат извршителите на ова злосторство.
Во прашање биле вкупно пет момчиња од кои тројца имале 17 годни, едно 16 и едно имало осумнаесет години.
Напаѓачите подоцна биле осудени на речиси никакви казни, а само еден од нив заврши во затвор, и тоа на девет месеци.
Лука, таа година беше матурант, а почина заради повредите што ги доби од малолетните насилници на Мостот на слободата во Загреб,
Насилниците кои брутално го претепаа ова момче подоцна признаа дека тоа го направиле од чиста досада.
Тие тогаш добија минорни казни, така што само еден од низ заврши во затвор и тоа на само девет месеци.
„Некогаш многу ја сакав пролетта. Ја сакам и сега, но кога ќе почнат овие денови, навистина ни е тешко. Лука е роден во април, па брзо доаѓа годишнината, целото тоа време сема како во некој вакуум“, раскажа пред неколку години Сузана Риц, мајката на загинатото момче за „Индекс,хр“.
Името на Риц стана симбол за борба против насилството, а секоја година во мај, почнувајќи од 2009, се наградуваат основните и средните школи во Хрватска, односно нивните ученици за промоција на толеранција и школи без насилство, а Лука Риц постхумно беше одликуван со наградата Гордост на Хрватска.