Реклама
Наши ѕвезди

Исплива детаљ од тајната свадба на македонската Моника Белучи: Невестата блескаше во раскошната венчаница

Водителката Татјана Стојановска се омажи на истиот датум на кој пред 10 години саканиот ја побара за жена

Реклама

Познатата водителка по втор пат се омажи…

Една од нашите најпознати водителки Татјана Стојановска зачекори во брачните води со партнерот Михаил Китановски.

Водителката се уште се нема огласено на социјалните мрежи, а фотографија од венчавката објави Трајче Бондиков од фолк-групата „Соната“.

Маркетинг

Венчавката помина во интимна атмосфера, во присуство на најблиските, а убавата невестата блескаше во својата венчаница.

Фото: Инстаграм/ Трајче Бондиков

Татјана блескаше и изгледаше божествено, а носеше тесна венчаница во која изгледаше како вистинска принцеза.

Маркетинг

Таа цело време беше насмеана и весела, а покрај неа блескаше и нејзиниот партнер, бизнис консултантот Михаил.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Бекстејџ

Иако Татјана се обидува својот приватен живот да го сокрие од очите на јавноста, не е тајна дека ужива во љубовта, а со нејзиниот партнер веќе со години важат за еден од најскладните и најсреќните парови меѓу јавните личности во нашата земја.

Водителката се обиде и венчавката да ја сокрие од јавноста, па така на социјалните мрежи ништо не објави, но поканетите „украдоа“ и споделија по некој кадар. Прославата беше во хотелот Александар Палас, а гостите ги забавуваше групата „Соната“ и нивната пејачка Катерина Брезева.

Фото: Принтскрин/ Канал 5

Како што самата Татјана откри за „Слободен печат“, венчавката се случи на 10 јуни, на истиот датум на кој пред 10 години беше запросена.

Пред точно 10 години, на 10 јуни 2013 година, Михаил ме побара за жена на нашиот прв одмор во Грција, и тогаш по неколку месеци од запросувањето, почнавме да живееме заедно. И точно на 10-годишнината од запросувањето, вчера стапивме и официјално во брак, изјави Татјана за споменатиот медиум.

Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска

Потсетуваме, ова е втор брак на нашата позната водителка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MoeStudioDadar (@moestudiodadar)

Татјана претходно беше мажена со познатиот фолк-пејач Благоја Грујовски со кого го има синот Матеј.

Бонус галерија

Фото: Инстаграм

Најубавата венчаница за 2023

Оваа сезона имаме вистинско освежување кога се во прашање трендовите за венчаници. Како што велат модните гуруа, венчаниците кои што ќе биде најголем тренд оваа година се украсени со бои.

Фото: Инстаграм

И шарите на венчаниците се ИН, без разлика дали се цветчиња, детаљ од чипка или пак целиот фустан е зачинет со дезен.

Фото: Инстаграм

По белите венчаници кои беа хит во изминативе неколку сезони, сега се во мода фустани за невести во сите нијанси.

Фото: Инстаграм

Бебешката сина боја и пастелните розови нијанси се идеални за вистинските романтичарки, додека посмелите варијанти како металик и цветни дезени со совршен избор за храбрите невести.

Како изгледаат некои од овие венчаници погледнете во продолжение:

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button