Црнкиња го посети Балканот и потполно се разочара: „Многумина ме допираат како да сум животно!“
Таа вели дека е благодарна на патувањето, но и дека е изморена од сето она што и се случува
Оваа жена немаше пријатно искуство по посетата на Балканот.
Таа неодамна била во посета на Србија, а потоа и во Босна и Херцеговина, но нејзиното искуство е разочарувачко.
Тиктокерката Лена (@sowonthego) своите патувања низ светот ги споделува на социјалните мрежи.
Но овој пат сподели непријатно искуство.
Таа неодамна откри дека се наоѓа на патување низ Балканот и дека ова патување емоционално ја исцрпува.
„Престојот тука е тежок. Знаев дека до некаде ќе биде предизвик, но не очекував дека олку ќе бидам изморена“.
„Се обидувам да имам емпатија и да разберам дека луѓето тука можеби никогаш не запознале црнец или црнкиња, но уморна сум што постојан гледаат во мене. Ме допираат, ми ја допираат косата, ме допираат по главата како да сум животно. Оставете ме на мира“, порачува таа во своето видео.
Никогаш порано не сум се чувствувала вака, Се надевам дека ќе биде подобро следните пет недели колку што сум тука.
„Премногу е“, заклучува таа во своето видео под кое доби голем број коментари дека воопшто и не требала да го посети ова место.
„Тие држави и не треба да се посетуваат“, „Неприфатливо“, беа само некои од коментарите под нејзиното видео.
@sowonthego Don’t get me wrong, I’m so SO grateful to be here and I’ve had some beautiful experiences but I think I’ve reached somewhat of a breaking point :/ #travel #traveltok #solotravel #solofemaletraveler #blackgirltiktok #blacktravel #blackwomentravel #blacktravelfeed #blacksolotravel #bipoctravel #woctravel #travelingwhileblack