Вирално

ТРАГЕДИЈА: Едногодишно бебе почина во страшна несреќа – таткото ја пронашол задушена во нејзината соба

Одеднаш настанала тишина, таткото ја нашол заплеткана во рачките од ранецот што висел од вратата

Advertisement

Малата Миа која имаше само 14 месеци почина откако случајно се замота во рачките од ранец кој висел на кваката.

Нејзините родители од Шкотска месец дена по овој несреќен случај апелираат до сите да бидат внимателни и никако да не оставаат ништо закачено на вратите доколку имаат мали деца дома.

Advertisement

Конор и Хана Мекфи беа дома кога се случи трагедијата. Велат дека нивната Миа, која секогаш била темпераментна и гласна, одеднаш станала тивка.

Фото. Фејсбук

Тогаш Конор отишол да види што се случува и ја нашол замотана околу рачките на ранецот кој бил закачен на кваката.

Фото: Фејсбук

Веднаш го ослободил девојчето и почнал да ја вика сопругата, која се јавила во брзата помош.

Advertisement

Родителите и давале вештачко дишење на малата, но и покрај сите напори не можеле да ја спасат.

Фото: Фејсбук

Кога дошла Брзата помош, девојчето било однесено во болница, каде лекарите успеале да ја реанимираат, но по четири дена починало.

Фото: Фејсбук

Малата Миа била ставена на респиратор, но докторите ги предупредиле Конор и Хана дека можеби нема да се разбуди.

„Бевме со нашето девојче до крајот. Во болницата леев покрај неа, ја држев раката на нејзините гради и ми беше јасно дека ќе ја изгубам. Во еден момент нејзиното срце само престана да чука“, вели неутешната мајка.

Тие во тој момент лежеле покрај неа, за последен пат, а пред само два месеци го прославија нејзиниот прв роденден.

Фото: Фејсбук

„Миа беше весела, дрска и во секој сантиметар татино девојче. Никогаш не можевме ни да замислиме дека нешто вакво ќе ни се случи“, изјави мајката скрешена од болка „за Пре енд Журнал“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button