Реклама
Интервју

Најдобриот ИМИТАТОР меѓу комичарите -на што се смее најмногу Жарко Јовановиќ?„Гламур“ дознава работи кои не ги знаете за него

Хуморот го наследил од дедо му, вели актерот

Реклама

Тој во неколку минути: може да биде Димитар Ковачевски, Ѓорге Иванов, Зоран Заев, Марија Плевнеш, Никола Груевски, Кили, Стево Пендаровски, Стојанче Ангелов, Тито  и многу други.

Не е Чак Норис, но е едниот и единствен Жарко Јовановиќ!

фото/Приватна архива

Еден од најпопуларните комичари, кај нас , кумановецот кој за кратко време ги освои симпатиите низ цела Македонија, во последните години е многу активен на нашата театарска сцена. Вработен е во театарот „Куманово“,но често можете да го видите и на стендап низ градските локали. Популарен стана преку својот јутјуб канал „Ајде да зажмуримо“, откако  токму овде на пошироката јавност и го покажа својот талент да имитира познати личности. Дел од неговите видеа станаа вирални.

Маркетинг

Жарко вешто ги доловува голем дел од актуелните политичари, познати имиња од шоу бизнисот, светски популарни ѕвезди…

Маркетинг

„Гламур“ му направи еден брз прашалник низ кој актерот ни открива досега непознати работи за него. Уживајте во разговоорт со Жарко Јовановиќ:

Вие нѐ смеете нас, но кој најмногу ве смее вас?

Спонтани личности од животот, нивни гафови на ТВ, нешто што не е филм или скеч. Она што не се режира.

фото/Приватна архива

 Дали вашиот талент за глума и хумор е генетика?

По мојот дедо, иако никој со глума не се занимавал претходно.

Како ве однесе патот во актерските води?

Тоа беше пат во едносмерна насока, по кој се упатив од многу одамна, уште од средно школо, па и поодамна.

фото/Приватна архива

Мојот омилен филм е…

„Braveheart“

Мојата омилена тетарска претстава е…

Мојата дипломска претстава “Аудиција”

фото/Приватна архива

Многу сакам да глумам во…

„Жикина Династија“

фото/Приватна архива

Најдобар комичар на сите времиња е…

Рамбо Амадеус

Мојата омилена дестинација е…

Куба

фото/Приватна архива

Во Куманово мора да се посети…

Кафаната на Мими Вештер

Моето омилено место за излегување …

Кафаната на Мими Вештер

Мојот омилен пијалок е…

Вињак

Многу сакам да јадам …

Лахмаџун

фото/Приватна архива

Дали знаете да готвите? 

Ретко готвам, само кога морам

Мојот стил на облекување е…

Лесно спортски

 

фото/Приватна архива
фото/Приватна архива

Песна без која не ми оди денот…

„Цвеќе“- Стеван Анѓелковиќ

 Музика што ја слушам од тинејџерските денови…

Rock’n’Roll

Музиката што ме опушта е…

ENYA

фото/Приватна архива

Омилен пејач/пејачка…

Рамбо Амадеус

Песна што ја нарачувам во кафеана …

„Још не свиче, рујна зора“

фото/Приватна архива

Велосипед, тротинет или нешто друго?

Автомобил (Ауди А5)

Бринети, русокоси или црнки?

Сите!

фото/Приватна архива

Во публика жените се смеат повеќе од мажите, вели Јовановиќ за „Гламур“

Пред кого сакате да настапите ?

Пред тие кои што се темата на настапот

Кој е најтежок за имитирање?

Тито

фото/Приватна архива

 Дали вежбате нов лик?

Да, лик за нова театарска претстава

Доколку не бев актер ќе бев…

Камионџија

фото/Приватна архива

Во продолжение погледнете уште неколку комични видеа кои ќе ви го направат денот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button