Момче (23) го изеде ајкула пред очите на неговиот татко – туристите го гледаат ужасот и не можат да помогнат!
Страшна несреќа се случи во Хургада
23 годишен турист од Русија усмртен од ајкула во Хургада, место кое важи за едно од најпознатите летувалишта во Египет.
Во моментот на несреќата со него била и неговата девојка која за среќа успеала да се спаси од морската ѕвер.
Туристите што во тој момент биле на плажата немо гледале како ајкулата го нападнала човекот и го повлекла во морето.
Како што пренесуваат медиумите, туристот е од Русија и подолго време престојувал во Египет заедно со неговата девојка.
Како што пишува британскиот „The San“ момчето викало по неговиот татко додека ајкулата се обидувала да го нападне.
На видеото што кружи на интернет се гледа како девојката хистерично плаче на плажата додека луѓето се обидуваат да ја смират.
Нападот што резултираше со смрт на 23 годишниот турист се случи на плажата „Дрим бич“ во Хургада во текот на вчерашниот ден.