Реклама
Коса

Дури и најдобрите фризери го препорачуваат ОВА ИНДИСКО МАСЛО: Косата од него РАСТЕ КАКО ЛУДА – помоќно е и од скапите третмани

Ако вашата коса е сува, кршлива и оштетена и сакате да ја обновите и да и дадете дополнителна нега без да чини цело богатство, обидете се со третман со амла масло. Амла им е добро позната на сите познавачи на ајурведата - се верува дека сите делови од дрвото амалаки, од кое доаѓа ова овошје, се лековити. А еве како всушност делува на косата!

Реклама

Дрвото произведува мали, тркалезни, жолтеникаво-зелени плодови налик на грозје наречени амла и се сметаат за овошје преполно со витамин Ц, минерали и антиоксиданси. Оние кои ја познаваат ајурведската медицина особено ја нагласуваат важноста на амла за зајакнување на косата, подобрување на квалитетот на косата и забрзување на нејзиниот раст.

Ефектот на амла, кој е достапен на нашиот пазар во форма на прав и масло, научно е докажано дека делува.

ФОТО: Принтскрин

Неколку мали студии спроведени во Индија и Пакистан навистина покажаа дека таа има позитивен ефект врз растот и зајакнувањето на косата. Истражувачите утврдиле дека идеалната концентрација на амла масло е 7,5 отсто во раствор со вода, па кога ќе го купите маслото од ова овошје, внимавајте бројот да не биде помал од наведениот.

Амла маслото не само што влијае на побрз раст на косата, туку и ги смирува потенцијалните воспаленија на скалпот, го регулира производството на масло во косата, ја хидрира косата и ја штити од надворешни влијанија. Се препорачува за сите кои имаат сува или оштетена коса, а особено за оние кои имаат мрсен скалп, но сепак имаат сува, кршлива коса.

Маркетинг
ФОТО: Принтскрин

Како да се користи амла масло?

Се препорачува ова масло да се користи двапати неделно со тоа што ќе го втриете во врвовите и по должината на косата и со него ќе спиете на главата. Наутро темелно измијте ја косата – веднаш ќе забележите дека станала посјајна и помека. Ако немате време да го чувате маслото преку ноќ, обидете се да го оставите на вашата коса најмалку 20 минути.

Маркетинг

Можете исто така да измешате амла масло со кокосово и бадемово масло – велат дека дава најдобри резултати.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button