Нова емотивна фотографија со Анастасија и Немања – фудбалерот прави сé за да ја расположи саканата
Анастасија го гушка трофејот, а Немања ја бакнува
Момчето на Анастасија ги разнежни сите…
Анастасија Ражнатовиќ и нејзиниот избраник Немања Гудељ поминуваат низ тежок период откако го изгубија нивното бебе.
Но покрај тажната вест, која посебно ја погоди Анастасија, тие имаат и причина за радување, а тоа е победата на тимот на Немања во финалето на Лига Европа, кога „Севиља“ триумфираше против „Рома“.
По големата трагедија што му се случи на спортистот и неговата избраничка, кога го изгубија бебето, ова беше вистински момент за радост.
По победата Немања пред новинарите пушти и солзи, а плачеше и Анастасија која што цело време го бодреше од публиката.
По овој важен момент за фудбалерот, Анастасија се врати во Белград, а Немања објави неколку фотографии од прославата.
На една од нив може да се види како Анастасија го држи пехарот, додека Немања ја бакнува во нејзината глава.
Покрај оваа фотографија тој претходно објави и една на која што се во прегратки и со која исто така ги воодушеви сите.
Потсетуваме, пејачката откако го изгуби бебето се повлече од социјалните мрежи и ги изгасна своите профили на некое време.
Таа по победата на тимот на Немања се врати во Белград каде ќе остане неколку дена со своето семејство во овие тешки моменти.
Нејзината најдобра пријателка и кума, Тара Милутиновиќ, објави видео на кое може да се види како си поминуваат заедно.
Од објавата може да се види дека Тара се обидува да направи сé како на нејзината пријателка би и се вратила насмевката на лицето.
Тие двете се пријателки уште од детството, а Анастасија веќе има одлучено таа да и биде кума на венчавката, уште пред да го сретне Немања.
Инаку, како што порано пишуваа медиумите, Анастасија и Немања требаше да склучат брак пред да се роди бебето.
Анастасија која носеше женско дете требаше да се породи оваа есен, а планот беше во јули да склучат брак, објави порано „Информер“. Венчавката во црква и големата свадба наводно беше планирана за следната година, а дали овие планови се одложуваат по загубата на бебето или не, ќе дознаеме наскоро.
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм