Реклама
Вирално

Згрижувачка мајка наместо да се грижи за сирачињата, ги продавала на локалните педофили и ги терала да прават грозни работи

Откриена куќа на ужасот во Полска

Реклама

Куќа на ужасот беше разоткриена во Полска откако една докторка беше повикана затоа што едно од децата имало проблем со желудникот.

Згрижувачка мајка која што спасувала сирачиња од страшната војна во Украина е обвинета за сексуално злоставување и допуштање на локалните педофили да ги силуваат децата што ги вдомила, пишува Дејли мејл.

Според она што го пишува во обвинение на судот во полскиот град Познан, Украинката Светлана Пљушко редовно ги малтретирала децата, ги терала да стваат валкани пелени во устата и да јадат блуеници.

Маркетинг

Судот во полскиот град Познан слушнал дека Украинката Светлана Пљушко (на фотографијата) редовно ги малтретирала децата, ги принудувала да ставаат извалкани пелени во устата и да јадат повраќаници.

Како што пренесува „Дејли мејл“, обвинетата 53 годишна жена наводно сексуално злоставувала десетина деца од 4 до 16 години. Таа се соочува и со обвинение дека им давала дрога на децата и им дозволува на локалните педофили да ги злоставуваат во замена за пари.

Маркетинг

Обвинителката Анета Шамцинска Пенкала вели дека жената заедно и во договор со неидентификувани мажи, правејќи од тоа постојан извор на приходи, им ја предала малолетничката за да ја злоставуваат.

Судот, исто така, ја обвинува Светлана Пљушко (на фотографијата) дека наводно сексуално злоставувала 10 деца на возраст меѓу 4 и 16 години и ги принудувала да земаат дрога пред да ги „продаде“ на локалните педофили.

Новинарот Пиотр Житницки од „ Gazete Wyborcza“ вели дека ја држеле за косата и ја силувале, додека Светлана стоела на вратата со телефонот во раката и гледала кога ќе поминат 20 минути. Како што вели овој новинар, луѓето најверојатно платиле 20 минути, а таа гледала што прават.

Како што вели детската психијатарка што ги видела децата, тие биле исплашени додека разговарале со неа. Само седеле со рацете на колената, со спуштена глава, без контакт со очите и цело време чудно се однесувале.

„Беа бледи и многу слаби. Едно петгодишно девојче имаше само 11 килограми. Имаа многу лоши заби. Ова не беше негрижа која настанала само во неколку недели“, вели психијатарката за децата.

Куќата на ужасот била откриена откако била повикана една докторка заради проблеми со желудникот на едно од децата.

Тогаш девојчето почнало да зборува за насилството на Светлана.

„Никогаш немав видено такво дете. Само гледаше во една точка, а солзите и течеа низ лицето додека зборуваше и зборуваше“.

Следниот ден и другите деца почнале да зборуваат и сведочат за страшните злоставувања од лицето што требало да се грижи за нив.

Обвинетата Пљушко на која сега и се заканува казна од 15 години затвор, пред руската инвазија 15 години водела Дом за вдомување во Украина.

Таа вели дека никогаш претходно немало приговори од страна на децата и ги негира сите обвинувања.

„Можеби ги повредив затоа што не им пружив доволно љубов и грижа“, вели оваа жена во својата одбрана пред судот.

Судењето продолжува….

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button