Првата зедничка фотографија на Анастасија и Гудељ по загубата на бебето е доказ дека љубовта е семоќна!
Сами и прегрнати, сред фудбалскиот стадион
Прв пат заедно по веста дека го изгубиле бебето
Ќерката на легендарната фолк-пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, остана без своето бебе во петтиот месец од бременоста, а тажната вест пред само неколку дена на Инстаграм ја објави нејзиниот избраник, познатиот фудбалер Немања Гудељ.
По трагичниот настан таа реши да го изгасне својот профил на Инстаграм и потполно се повлече, така што ова беше првото нејзино појавување, а фотографиите и видеото со неа разнежија многумина.
Имено, по победата на тимот на Гудељ на Лига Европа Анастасија се симна на теренот и му го честиташе успехот на саканиот.
Фотографијата на која тие се бакнуваат и гушкаат ја сподели мајката на пејачката, Цеца Ражнатовиќ, со пораката:
„Моите најубави!“
Потсетуваме, Гудељ само неколку дена пред историскиот натпревар за неговиот тим објави тажни вести на неговиот Инстаграм.
Фудбалерот тогаш соопшти дека неговата сакана го изгубила бебето во петтиот месец од бременоста, но и нагласи дека верува дека нивната голема љубов ќе ја победи целата болка што моментално ја чувствуваат.
Впрочем она што им се случи потоа, победата на неговиот тим, додека Анастасија цело време го бодреше од трибините, но и плачеше од преголемата радост по триумфот, како и фотографијата што ја сподели Цеца, а на која тие се гушкаат и бакнуваат на теренот, покажува дека љубовта поместува планини.
„Ова е болен момент за нас, но нашата љубов и ова ќе го победи“, напиша тогаш Гудељ и очигледно беше во право.
Неговиот клуб Севиља ја освои титулата, што е светла точка по сето она што му се случи во претходниот период.
Победата исто така беше и причина Анастасија повторно да се насмее и да заплаче од среќа, прв пат откако го изгуби бебето.
Истите емоции ги покажа и Гудељ како пред навивачите така и за медиумите, кога и тој не можеше да ги сокрие солзите радосници.
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм