Страшна трагедија: Бебе почина во жежок автомобил – родителите отишле во црква и го оставиле само
Еве како да се спречат ваквите трагедии
Полицијата од во 13 часот во неделата доби повик од баптистичката црква во Палм Беј за бебе што не реагира
Бебе старо 11 месеци почнало откако родителите го оставиле во жежок автомобил додека оделе на црква во Флорида.
Полицијата добила повик од баптистичката црква Маслинова гора во Палм Беј заради дојава за бебе што не реагира.
Како што објави „Индепендент“, бебето било оставено во возилото околу три часови додека родителите биле на миса.
По пријавата бебето веднаш било однесено во болницата „Палм Беј Комјунити Хоспитал“ каде е прогласено за мртво.
Ова е страшен инцидент, сочувство и милост за семејството, изјави шефот на полицијата во Палм Беј Марио Аугело.
Како што пишува весникот Индипендент, истрагата се уште е во тек, а полицијата не даде изјава дали ќе биде поднесено обвинение против несовесните родители, пренесува хрватскиот портал „Јутарњи“.
Според порталот KidsAndCars.org Флорида е втора држава во САД по смртност на деца во жежок автомобил.
Минатата година во САД биле забележани 36 смртни случаи на деца оставени од своите родители во жешки автомобили, а само досега, во 2023, биле шест, според податоците на оваа организација.
Според организацијата „Kids and Car Safety“ во Америка во просек секоја година умираат по 38 деца во загреани автомобили.
Повеќето деца, односно речиси 90% од нив, починале откако биле оставени во жежок автомобил на возраст до три години, додека нешто повеќе од половина, односно 54 отсто, се уште биле бебиња.
Како што велат стручните лица дури и ако прозорот е отворен, температурата во автомобилот може да достигне 52 степени Целзиусови за само неколку минути, а до 80 % на зголемување на температурата се случува во првите 10 минути од престојот во паркираниот автомобил. Телото на децата се загрева од три до пет пати побрзо од телото на возрасните, што резултира со неповратно оштетување што настанува во рок од неколку минути.
„Најважно е луѓето да знаат дека ваква несреќа може да му се случи апсолутно на секој. Тука нема правила“, изјави Џиан Фенел, претседателка и основач на здружението „Kids and car Safety“.