“Го изгубив бебето во третиот месец од бременоста”: Болна исповед на Ражнатовиќ
Анастасија ја доживеа судбината на мајка си...
Анастасија Ражнатовиќ и познатиот фудбалер Немања Гудељ споделија тажни вести, дека за жал го загубија своето бебе. Немања се огласи на Инстаграм и ја сподели оваа тажна вест со своите следбеници.
Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ своевремено откри дека таа и нејзиниот покоен сопруг Жељко Ражнатовиќ Аркан уште пред венчавката чекале дете, но за жал, дошло до спонтан аб.ортус.
– Го изгубив бебето во третиот месец од бременоста – откри Цеца Ражнатовиќ по 27 години молк.
Пејачката во една прилика откри дека имала спонтан абортус месец и половина пред да се омажи за Жељко Ражнатовиќ Аркан на 19 февруари 1995 година.
И покрај големата загуба, пејачката и нејзиниот покоен сопруг решија да ги продолжат подготовките за венчавката:
– Се договоривме да не го поместиме датумот на венчавката, па судбоносното “Да” го кажавме кога што планиравме – 19 февруари 1995 година.
Како што пренесе Информер, Жељко не сакал никој да знае за тоа, па оваа тајна ја чувал до својата см.рт. Тој само му се доверил на кумот Борислав Пелевиќ и му рекол да молчи.
– Јас и Жељко сакавме деца, но не можев да забременам. Затоа отидов во болницата „Народни фронт“ на ин витро. Мојот покоен сопруг ме поддржа и учествуваше со мене во комплетната програма, иако беше очигледно дека нема проблем, бидејќи веќе имаше седум деца – изјави Цеца, која во декември 1996 година го роди синот Вељко.
Година и пол подоцна пејачката ја роди ќерката Анастасија. Семејната идила била прекината со загубата на нејзиниот сопруг. Аркан беше уб.иен во хотелот „Интерконтинентал“ на 15 јануари 2000 година.