Слепиот вујко ја силувал кога имала 11 години, а на 19 ЖИВОТОТ И СЕ ПРЕТВОРИЛ ВО ВИСТИНСКИ ПЕКОЛ
Неверојатна приказна за една жена која од робинка успеа да стане светска рекордерка
Претрча 240 километри низ пустинските предели на Намибија и го издржа двојниот маратон низ ледената тундра на Антарктикот…
Норма Бастидас е родена 1967 година во Мексико и имала само 11 години кога нејзиниот тако починал и кога за неа почнале проблемите.
Нејзината мајка останала со пет деца, така што морале да работат за да преживеат, а нивните роднини, наместо да им помогнат, ја злоупотребувале нивната тешка ситуација, додека слепиот вујко, ја силувал кога имала само 11 години.
Норма била пресреќна кога на 19 годишна возраст ја забележала една жена и ѝ понудила работа како модел во Јапонија.
Но кога пристигнала во Јапонија, во агенцијата и го одземале пасошот и ја сместиле во стан, по што ја известиле дека им должи пари за билетот, станот и храната.
Таа се согласила на нивните услови, мислејќи дека ќе собере пари како модел, но од манекенската работа не се случило ништо. Наместо тоа, ќе ја испратат во клуб од затворен тип во Токио, а како што вели, ја продале на оној што најмногу понудил, а тоа било многу познато лице.
Како што самата вели, не можела да избега и да побара помош бидејќи должела пари, а нејзиното семејство не можело да и помогне.
Од друга страна таа веќе била обележана како проститутка, а се спасила благодарение на луѓето од блискиот манастир.
Подоцна Бастидас ќе се омажи и ќе се пресели во Канада.
Но додека се уште била во Јапонија, ќе почне да пие, така што заради тоа ќе и пропадне бракот и нема да може да ја задржи работата.
Пресвртниот момент за неа се случува кога ќе дознае дека нејзиниот син боледува од дегенеративно оболување на окото што води во слепило.
„Бев ранлива, самохрана мајка, која остана без работа. Имав дете кое имаше 11 години. Човекот кој ме силуваше кога имав 11 години беше слеп. Тоа беше премногу за мене. Имав чувство дека никога нема да можам да избегам од минатото“, вели Норма.
Но наместо да се оддаде на алкохолизмот, како што го правела тоа и претходно, таа во тој момент ќе реши да сврти нова страница.
Тогаш ќе почне да трча. И тоа навечер, за никој да не ја види како плаче.
Неверојатен успех за само шест месеци
И во рок од само шест месеци се квалификувала за еден од најпознатите светски трки – бостонскиот маратон.
По овој успех, таа ќе се искачи на седумте највисоки врвови на сите континенти за да собере пари за истражувања за лечење на генетски предизвикано детско слепило.
Во 2013 година ќе му се јави на пријателот Бред Рајли, кој води организација против трговија со луѓе „iEmpathize“, па заедно го осмислиле најдолгиот триатлон на светот – ќе постави светски рекорд следејќи ја познатата рута на трговците со луѓе.
Бастидас цели 65 дена во 2014 година трчала, возела велосипед и пливала од Канкун (Мексико) до Вашингтон (САД).
Како што самата вели, најдоброто чувство го имала на крајот на трката која што и обезбеди да ја впишат во Гинисовата книга на рекордите.
Таа била пречекана од жртвите на трговците со луѓе кои трчале со неа последните неколку километри до Вашингтон.
Нејзината најдобра порака сесодржи во цитатот што му се припишува на Лао-це, важна фигура во кинеската филозофија:
„Патувањето од илјада милји започнува со еден единствен чекор“.