Реклама
Вирално

По разводот на синот и снаата дедото Јусуф го презеде старателството и сега се грижи за тројцата внуци

Мајката ги напушптила, синот не можел да се грижи за нив

Реклама

Ова е приказна за еден дедо херој кој пред пет години реши да го преземе старателството над своите тројца внуци.

Тој на ваквиот чекор се одлучил откако неговиот син и снаата одлучиле да се разведат, а откако го добил старателството целосно им се посветил на своите внуци Ален, Анес и Амел.

Тие пред пет години биле напуштени од нивната мајка, а нивниот татко тогаш не бил во можност да се грижи за нив.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, РТВ Слон

Од овие причини тие требале да заминат во Дом за деца без родителска грижа, но 67 годишниот Јусуф Мујиќ од Тузла во Босна и Херцеговина заедно со својата сопруга решиле ја преземат грижата за децата.

Како што самиот вели, половина година се борел да останат кај него. Тогаш најмладиот внук имал само две години.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, РТВ Слон

„Желбата на секој дедо е внуците да му бидат успешни. Затоа оваа борба не ја ни почувствував, бидејќи кога нешто посакуваш и сакаш тогаш тоа и ќе го совладаш без проблем, иако имаше и напорни моменти. Треба тројца мажи да се пораснат“, изјави дедото Јусуф за своите тројца внуци во интервјуто за Јутјуб каналот РТВСлон.

Најмладиот Амел имал само две години кога грижата за него ја преземале бабата и дедото. Тој сега е второ одделение, се занимава со карате и како што вели има големи соништа за себе.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, РТВ Слон

„Јас сакам да бидам полицаец кога ќе пораснам бидејќи тоа е работа каде се бориш со криминалци, а јас не сум криминалец“, изјави Амел.

Фото: Фејсбук/ Мујиќ Јусуф Јука

И неговиот постар брат, Анес, исто така се занимава со карате. Тој има единаесет години и сака да биде тренер по карате.

Фото: Фејсбук/ Мујиќ Јусуф Јука

Многу ретко контактираат со родителите

Родителите на овие скромни деца официјално се развеле минатата година. Судот старателството му го додели на дедото, со дозвола родителите повремено да ги посетуваат.

Анес кој имал само пет години кога тој и неговите братчиња биле оставени, сега сфаќа што им се случило.

Но и покрај тоа што имаат дозвола, контактот со родителите не се случува често, посебно со нивната мајка.

Како што самиот вели, го има бројот на неговиот татко, но ретко се слуша со него. И тоа најчесто преку пораки. Од друга страна со мајка речиси воопшто не се слуша, туку само понекогаш ќе и одговари на пораките, кои ги добива многу ретко.

Дедото е горд на своите внуци

Ален е најстариот брат и тој од сите тројца е најуспешен каратист. Има преку 44 медали од различни натпревари.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, РТВ Слон

„Мојата цел е да бидам најдобар. Да имам подобра слика за себе и луѓето да ме гледаат поинаку“, изјави Ален за РТВСлон и додаде дека како најстар од самиот почеток бил свесен за она што дедото и бабата го направиле за нив.

Фото: Фејсбук/ Мујиќ Јусуф Јука

„Многу сум горд на нив, малку е тешко тоа да се опише. Имам 67 години и се надевам дека направив за нив колку што можев“, заклучи Јусуф кој успеа внуците да ги изведе на вистинскиот пат.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button