Гиговска го промени имиџот во бременоста – пејачката изненадува, никогаш не била посреќна и поубава
Не сте ја виделе во вакво издание...
Ново трудничко издание на познатата пејачка.
Кога е во прашање модата, Антониа Гиговска отсекогаш важела за една од најдобро облечените млади дами на нашата сцена.
Таа ги следи трендовите и на многу млади девојки им е инспирација, а од интересните модели не се откажува ни во бременоста.
Впрочем тоа можевме да го видиме и од нејзиното најново трудничко издание со кое ги изненади своите бројни фанови на социјалните мрежи.
Гиговска која ги „шокираше“ сите кога откри дека е бремена, и тоа набргу откако раскина со нејзиното поранешно момче, овој пат позираше во тесен фустан и го истакна својот стомак во преден план.
Благодарение на социјалните мрежи можеме да видиме како таа ги поминува трудничките денови, но и дека блеска во секое свое издание.
Позитивната енергија и среќата со која што блеска не може да помине незабележано, а овој пат привлече внимание и креацијата што ја носеше.
Во прашање е поприлично удобно и комфорно црно фустанче со препознатливите линии на спортскиот бренд Адидас.
Пејачката во него очигледно се чувствува лагодно, а многумина се согласни дека блеска и никогаш не изгледала поубаво.
Таа го носеше во комбинација со тренди кожена јакничка, а како изгледаше, но и неколку слични модели на фустани од Адидас, погледнете во продолжение:
Адидас
Адидас
Адидас
Адидас
Адидас
Адидас