ПРАВА ДАМА: Погледнете како изгледа сопругата на Амди Бајрам – синот јавно ѝ честиташе роденден
Среќа и убава причина за славење имаше во домот на некогашниот пратеник.
Синот на Амди Бајрам покажа како изгледа денес неговата мајка и јавно ѝ го честиташе роденденот.
Амди Бајрам беше пратеник со најдолг стаж на собраниските клупи.
Бајрам се кандидираше и за претседател на Македонија а тој не знаел оти партијата токму него го предложила за претседателски кандидат од партијата на која беше на чело Сојуз на Ромите од Македонија.
Роден е во Скопје и има завршено средно трговско училиште, а извесно време бил генерален директор на текстилното претпријатие „Шутекс“. Бајрам во 1994 станал пратеник во Собранието на Република Македонија како член на Партија за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), но до крајот на мандатот работел како независен пратеник.
Важеше за голем хедонист и често организираше големи прослави за своите деца.
Уживаше во музиката и добрата храна.
Долги години беше во брак со својата сопруга Перјана, која му беше поддршка во сѐ.
Почина во 202 година како последица од срцеви заболувања, но по згаснувањеро на неговиот живот му бил направен тест за коронавирус кој бил позитивен.
Ќе остсне запаметен и по неговите урнебесни изјави кои ја засмејуваа јавноста.
Неговото семејство го продолжува неговиот пат, а сега имаа и убава причина за славење.
Габриел Бајрам сподели фотографија од својата мајка Перјана и јавно ѝ го честиташе роденденот.
За оваа прилика Перјана се одлучи за црно-бела комбинација, во која изгледаше како права дама.
„Среќен роденден мајко да си жива здрава уште многу години”, напиша Габриел.
ФОТО: Фејсбук / Габриел Бајрам
ФОТО: Фејсбук / Габриел Бајрам
ФОТО: Фејсбук / Габриел Бајрам
ФОТО: Фејсбук / Габриел Бајрам
ФОТО: Фејсбук / Габриел Бајрам
ФОТО: Фејсбук / Габриел Бајрам
ФОТО: Инстаграм
ФОТО: Фејсбук / Габриел Бајрам
ФОТО: Фејсбук / Габриел Бајрам
ФОТО: Фејсбук
ФОТО: Фејсбук
ФОТО: Фејсбук