„ЗАТОА СВИРИ ЗА МЕНЕ, СВИРИ МИ БРАТЕ ФЕРУСЕ…“ – најблиските се збогуваат од кралот на саксофонот
„Лесна ти земја, мајсторе...“
Почина кралот на ромската музика, Ферус Мустафов
Нашиот познат музичар почина ноќеска, половина час по полноќ, на 73 годишна возраст, во градската болница 8 Септември.
Ферус на 26 април имаше мозочен удар и оттогаш се наоѓаше во градската болница „8 Септември“ во Скопје.
Како што изјави директорот на болницата за Макфакс докторите дале сé од себе да му помогнат, но мозочниот удар бил толку силен и масивен што направил многу оштетувања и не можеле да го спасат.
Тој бил во кома и веднаш по приемот во болницата бил ставен на респиратор, но заради нарушеното здравје состојбата му се комплицираше.
Почина ноќеска, половина час по полноќ, изјави Христијан Костов за Макфакс, директорот на болницата.
Мустафов е роден во Штип во 1950 година, каде што, според изјавите на неговото семејство, и ќе биде закопан.
Тој во својата богата кариера има настапувано во голем број земји во светот и остави десетина албуми зад себе.
Ферус беше популарен низ целиот Балкан, се дружеше и со младите музичари, а го обожаваат и нашинците во дијаспората.
Како што велат за него, тој беше првиот и најдобриот, кој со својот саксофон знаеше да направи вистинска магија.
Кога го однесоа во болница, прв на социјалните мрежи се огласи неговиот внук Ферчо Мустафов кога откри каква му е состојбата.
Ферус важеше за еден од омилените музичари во Македонија и беше близок со сите свои колеги и колешки.
Има соработувано со бројни познати имиња од поранешна Југославија, така што на социјалните мрежи денес многу познати имиња се збогуваат од него со тажни зборови.
Еден од пријателите на Ферус е и Игор Џамбазов кој на својот Инстаграм сподели негова фотографија со следниве зборови:
„Затоа свири за мене, свири ми брате Ферусе…”
Лесна ти земја, мајсторе…