Македонската Гранд ѕвезда ГИ ИЗНЕНАДИ СИТЕ со провокативното издание – гори Инстаграм (фото)
Овој детаљ привлече најмногу внимание...
Натпреварувачката во „Ѕвездите на Гранд“ од Македонија, Милица Трајков, со своите настапи никого не остави рамнодушен.
Но покрај тоа што максимално е посветена на натпреварот, таа редовно споделува и фотографии на социјалните мрежи, а овој пат, со своето последно издание, предизвика бројни реакции.
Имено, шармантната пејачка која со својот талент привлече големо внимание во „Ѕвездите на Гранд“, на својот Инстаграм објави неколку фотографии на кои позираше во кусо розово фустанче.
Во прашање е необична креација со која пејачката го истакна своето тело во преден план и ги остави сите без здив.
Младата пејачка со моќен глас едноставно блескаше во ова свое модно издание, во кое главната улога му припадна на впечатливиот фустан кој го носеше со мрежести чорапи, коса врзана во високо опавче и црни, елегантни чевли со тенки, високи потпетици со кои Милица дополнително ги истакна своите убави нозе.
Ова е уште еден доказ дека Милица знае како да привлече внимание на сцената, но и да го истакне својот сексапил до максимум.
Впрочем така беше и во претходниот круг кога на сцената во Гранд се појави во кожа од глава до пети и го украде шоуто.
Имено, таа на својот последен настап се појави во долг капут во металик нијанса, кој во еден момент го соблече на сцената.
Под капутот носеше кожен комбинезон со деколте до папокот, во комбинација со чизми до глужд и голема златна огрлица.
Како Милица изгледаше и во ова свое екстравагантно издание со кое настапи на сцената, но и додека се „милуваше“ со пејачката со која настапи во дуел, погледнете во продолжение:
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд