Ова е приказната за Сара од Црна Гора, мајка на две близначки со Даунов синдром – ќе се воодушевите!
Таа силата ја пронаоѓа во своите ќерки, нивните насмевки се најголемата мотивација во нејзиниот живот
Сара Беро роди близначки на 20 години, а денес заради пожртвуваноста кон нив, го носи епитетот Мајка Хероина.
Таа најпрво ги роди близначките Ирма и Илда, кои имаат Даунов синдром, а потоа и нивната сестричка Ина која не е со попреченост.
Но тоа што близначките се родени со Даунов синдром не ја поколеба Сара, туку таа со својата борба и грижа направи мали чекори за другите мајки кои се соочуваат со истите проблеми и големи чекори за децата со попреченост. Таа денес е претседателка на првото здружение на деца и млади со Даунов синдром во Црна Гора и една од ретките жени кои отворено зборуваат за проблемите на овие деца и пожртвувано се бори да се подигне свеста за нив.
Како што самата вели, таа е навикната да се бори и да се грижи за себе, а од своите ќерки не се откажала, иако нејзината свекрва, кога ги родила близначките, ја советувала да ги остави. Таа гордо истакнува дека работи уште од деветгодишна возраст, кога продавала бурек во пекарницата на својот татко.
Близначките Имла и Илда се баш како и нивната мајка Сара, борбени и силни девојки. Тие одат на училиште, а Илда кога имаше само пет години, се прошета и на Модната недела во Црна Гора со што стана и првата манекенка со Даунов синдром на овие простори.
Како самохрана мајка, Сара успева да ги сруши предрасудите и иако откако ги роди близначките се соочуваше со тежок период во животот, сепак таа храбро и без да се поколеба се бореше за своите деца.
Но нејзината борба се уште трае, бидејќи често се соочува со предрасудите што ги имаат луѓето за овие лица.
Од тие причини, Сара неодамна јавно зборуваше за навредите што ги добива на сметка на своите близначки.
Имено, децата родени со оваа попреченост се соочуваат со дискриминација во најразлични ситуации, а оваа мајка на две близначки родени со Даунов синдром веќе со години ја води оваа битка. Таа како самохрана мајка се грижи за своите ќерки, 14-годишните близначки со Даунов синдром – Ирма и Илда, и нивната помлада сестричка Ина која нема синдром.
На социјалната мрежа ТикТок објави снимка во која покажува како нејзината ќерка Ирма добила перика по бруталниот коментар кој што го добила од невоспитани корисници на социјалните мрежи.
„Види ја оваа полуќелавата“, напиша некојси Борис на една фотографија, па мама Сара одлучи да ја развесели својата ќерка, но и да им одржи лекција на оние бесчувствителните и да им застане на патот.
На самиот почеток беше многу тешко, самата борба и прифаќањето на околината, јас ги добив нив со неполни 20 години.
„Но со време сфатив дека тоа е мојот живот, па таков го прифатив од самиот старт. Најпрво се трудев да зачекорат на време, па да им ја покажам околината, потоа Ирма имаше седум операции, навистина турбулентен период“, вели оваа мама во една емисија на српската Курир телевизија.
Потоа таа откри и како изгледаше нејзината реакција, но и на Ирма заради гореспоменатиот коментар.
„Јас веќе 14 години трпам најразлични навреди на сметка на моите деца, ова не е единствениот случај“.
„Ми пишуваат зошто со нив шетам на улица кога така изгледаат, и така, слушам најразлични грди коментари“.
„Моите деца не ги препознаваат грдите коментари, вие ќе им кажете ‘мрш’, тие ќе се насмеат, не знаат да мразат, во нивниот живот ништо не сфаќаат негативно“, изјави оваа неверојатна мама.
Инаку, Сара е една од првите жени во регионот која јавно почна да зборува за овој проблем и да се бори за промена на свеста кај луѓето во врска со нивните предрасуди кон лицата со попреченост.
Таа со својот пример покажува и докажува дека децата со проблеми во развојот се исти како и сите други, дека ги имаат истите потреби, а тоа се потребите за разбирање, љубов и поддршка.
Тоа впрочем може да се види и од нејзиниот Инстаграм профил каде секојдневно објавува фотографии со своите наследнички.
Тие на нив секогаш се весели и насмеани, а оваа мама горда и расположена за другарување со нив.
„И денес, во 21 век, имаме родители што тешко го прифаќаат своето дете. Јас велам дека многу е важно ние како родители да го прифатиме своето дете, а потоа да го прифати и околината. Ако ние го криеме своето дете, прв пат кога ќе го изнесеме некаде логично е дека другите нема да го прифатат. На мене ми пречи кога е ме викаат Мајка хероина, кралица, бидејќи јас ништо специјално не правам освен што ги сакам своите деца како и секоја мајка“, заклучува Сара.
Фото: Инстаграм/ Сара Беро
Фото: Инстаграм/ Сара Беро
Фото: Инстаграм/ Сара Беро
Фото: Инстаграм/ Сара Беро
Фото: Инстаграм/ Сара Беро
Фото: Инстаграм/ Сара Беро
Фото: Инстаграм/ Сара Беро