Куче се шета само по дождот со плишана играчка во устата – добрите луѓе го спасија, сега е на сигурно
Германски овчар кој бил забележан сам на дождот како држи плишана играчка бил спасен.
Потресните фотографии од Ники додека шета сама низ дождот држејќи плишана играчка во уста почнаа да кружат на социјалните мрежи меѓу спасувачите во Метро Детроит месецов.
Гејл Монтгомери, коосновач на Здружение за заштита и спасување „Скоро дома“, била вџашена кога почнала да добива пораки за помош на кучето и брзо побарала помош од својата организација.
Таа разговарала со South Lyon Marphy Lost Animal Recovery, кои успеаја да ја соберат Ники од улица, заедно со нејзината преслатка играчка за гушкање.
Ники брзо била сместена во дом за згрижување, а Гејл за People изјавила: „Веќе не ѝ треба дури ни играчката. Таа постојано ги гушка своите згрижувачки родители“.
„Таа сè уште спие со играчката, но не е опседната со неа како во Детроит кога шеташе наоколу“.
Се верува дека Ники била напуштена поради смртта на нејзиниот сопственик и живеела од дарежливоста на соседите и ловела остатоци.
Гејл првпат слушнала за Ники во мај, кога почнала да добива пораки и фотографии од кучето како шета низ централното градско подрачје.
Таа рече дека кучето било „целосно под стрес“ и дека нејзиното тело „не функционирало“ поради траумата што ја поминала со месеци на улица.
Кога кученцето било подигнато од улица, било однесено во итна болница, каде и била укажана помош.
Гејл објасни: „ Во нејзиниот стомак пронајдоа пластични кеси, гранчиња и коски“.
По третманот, таа е сместена во дом за згрижување од страна на „Скоро дома“ каде што продолжува да си ги враќа силите.
Во моментов е на диета и јаде пилешко и ориз, но добива многу љубов од своето згрижувачко семејство.