Нашата позната пејачка во најубавото издание што сме ја виделе досега – никогаш не изгледала поубаво!
Пејачката Андријана Јаневска ги воодушеви и мажите и жените со ова свое издание...
На нејзиното тело можат да и завидуваат многу помлади дами, посебно кога ќе се појави во комбинација што ја истакнува нејзината беспрекорна линија на која не можете да и најдете ниту една фалинка.
Така беше и на нејзиниот настап во Куршумли Ан кога избра мав црн фустан со кој никого не остави рамнодушен.
Имено, пејачката покрај својот беспрекорен глас и атмосферата што ја направи привлече внимание и заради своето модно издание.
Таа носеше црн мини фустан со широки ракави, направен од светкав материјал и со суптилни отвори во пределот на половината.
Андријана целото издание го заокружи со високи потпетици кои заедно со кусото здолниште ги ставија нејзините убави нозе во преден план.
И бидејќи станува збор за настап пред публиката, пејачката едноставно внимаваше на секој детаљ.
Нејзината коса беше пуштена и убаво стилизирана, а на лицето имаше суптилна шминка и црвен кармин.
За оние што немаа прилика да ја гледаат во живо, пејачката сподели неколку фотографии од самиот настан, па следуваа бројни коментари дека никогаш не изгледала поубаво.
Инаку, малиот црн фустан каков што избра Андријана за својот последен настап е совршен избор за овој период од годината, посебно за оние девојки што наскоро планираат да посетат некој свечен настан.
Моделот ги истакнува сите физички атрибути, а сепак изгледа елегантно, така што со еден ваков фустан не можете да згрешите.
Посебно кога сакате едноставно и класично вечерно издание, малиот црн фустан секако дека е паметен избор.
Не треба да ве потсетуваме дека ваквиот фустан прв пат беше претставен од страна на легендарната модна дизајнерка Коко Шанел.
Таа го лансираше овој модел во дваесеттите години на минатиот век и го направи симбол на елеганција и женственост.
Наши предлози:
Кога избирате еден ваков модел на фустан, најважно е должината да биде малку над колената, а без разлика дали ќе одлучите да го носите со балетанки или високи потпетици, едноставно нема да погрешите.
Што се однесува до изборот и оваа година на полиците во познатите продавници има најразлични варијанти на овој фустан, а некои од најубавите модели, што ги избравме специјално за вас, погледнете во продолжение.
Naked Cashmere
ALO
Mango
Mango
Rag & Bone
Everlane
Sachin & Babi
Mango
Mango
Mango
Anthropologie
For Love & Lemons
Mango