Цеца со деколте од МИЛИОН долари и куси шорцеви го украде шоуто – 3000 евра само за овој детаљ?!
Повторно ги изненади сите...
Откако само еден ден претходно се појави во „војнички“ комбинезон и никого не остави рамнодушен, познатата пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ со уште едно провокативно издание ги воодушеви своите верни фанови.
Пејачката овој пат пред студиото на Гранд се појави во сиво сако и шорц во иста нијанса со кои ги истакна своите убави нозе.
Видно расположена Цеца им позираше на фотографите, а потоа кога се појави на снимањето во „Ѕвездите на Гранд“, го украде шоуто.
Но покрај кусиот шорц кој во преден план ги истакна долгите нозе на пејачката, уште еден детаљ го привлече вниманието на сите.
Имено, таа и овој пат избра скапа огрлица од познат бренд за која платила околу 3000 евра, пишуваат медиумите.
Цеца целото издание го заокружи со мала плико чанта која исто така е од познат бренд и чини 15000 евра, а и на нозете носеше скапоцени високи потпетици во нијанса слична на сакото и шорцевите.
Пејачката изгледаше провокативно и елегантно во исто време, а цреша на шлагот беа црвениот кармин и новите шишки.
Инаку, Цеца и во една од претходните епизоди од „Ѕвездите на Гранд“ носеше огрлица со која ги воодушеви сите.
Само тогаш во прашање беше голема огрлица со бисери која пејачката ја носеше во комбинација со тесен црн фустан.
Цеца и тогаш целото издание го зачини со скапоцена чанта – модел од познатата модна куќа „Диор“ кој чини неверојатни 7000 евра.
Познато е дека пејачката во своите плакари има голем број брендирани чанти, кои често ги носи на снимањето во „Ѕвездите на Гранд“, а некои од нејзините најскапоцени модели погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм