Марта на 81 години позираше во костими за капење и влезе во ИСТОРИЈАТА, а еве како изгледаше и во младоста!
Ова е нејзината тајна!
Марта Стјуарт на 81-годишна возраст се најде на насловната страна на престижниот магазин „Sports Illustrated“.
Оваа неверојатна дама гордо го покажа своето занесно тело во специјалното издание на овој магазин („Sports Illustrated Swimsuit’s 2023“) и со тоа влезе во историјата како најстариот модел кој некогаш се нашол на една ваква насловна страница.
Како гостинка во емисијата Тидеј, Маррта откри како се подготвувала за ова снимање, но и која е тајната на нејзиниот изглед.
„Не се изгладнував, но не јадев леб и тестенини неколку месеци“, изјави Марта во емисијата, па го додаде и следново:
„Порано одев на пилатес секој втор ден и тоа беше супер. Се уште одам на пилатес секој втор ден бидејќи се чувствувам сјајно и едноставно живеам уреден живот, добра исхрана, вежбање, нега на кожа“.
Таа вели дека за нејзиниот изглед виновна е и генетиката бидејќи нејзината мајка секогаш носела само бикини на плажа.
Што се однесува до нејзината рутина, секое утро пие сок од зеленчук, а откри и дека досега нема направено ниту една пластична операција.
Инаку, Марта е американска бизнисменка, писателка, готвачка, телевизиска личност, поранешна манекенка и осудена престапничка. Таа е сопственичка на компанија „Martha Stewart Living Omnimedia“ и имаше успех во најразлични проекти, авторка е на неколку бестселери, а го издава и магазинот „Martha Stewart Living“.
Пред 19 години беше осудена за случај поврзан со трговија на акции на фармацевтската компанија „ImClone Systems“.
По оваа немила епизода од нејзиниот живот, Марта повторно успева да се воздигне и да ја врати својата компанија.
Своевремено се забавуваше со легендарниот актер Ентони Хопкинс, но откако го гледала филмот „Кога јагнињата ќе стивнат“ со него во главната улога, решила да избега од оваа врска бидејќи не можела да престане да го поврзува славниот актер со ликот Ханибал Лектор.
15 години беше во врска со милијардерот Чарлс Симони кој работеше во Мајкрософт и беше шеф на софтверската група.
На една од фотографиите на магазинот кој ќе се појави на 18 мај Марта носи црвен едноделен костим за капење со длабоко деколте, додека на друга фотографија таа е прикажана во бел едноделен костим за капење и со голем портокалов шал.
Покрај Марта, овој број во костими за капење ќе го красат и Меган Фокс, Ким Петрас и Брук Надер.
Бонус галерија
Марта Стјуарт како модел во младоста
Марта Стјуарт
Марта Стјуарт
Марта Стјуарт
Марта Стјуарт
Марта Стјуарт