Секоја година втората недела во мај, ширум светот се одбележува Денот на мајките во кој се слави мајчинството.
Во знак на љубовта и пожртвуваноста на мајките на овој ден симболично им се подаруваат бели каранфили.
Познатата турска актерка, Мерјем Узерли, која и самата е мајка, и оваа година не го заборави овој празник.
Таа го посвети на својата мајка со која позираше со цвеќе, и напиша честитка за сите мајки.
„За сите прекрасни мајки. Воглавно за мојата мајка. Беше и остана најдобар пример што секое дете би можело да го посака за љубов, затоа бескрајно со длабока почит!!!“ напиша Хурем и додаде:
„Толку љубов за сите мами надвор“, напиша актерката во описот на фотографијата и ги воодушеви своите фанови.
Инаку, познатата актерка токму заради мајчинството ја остави својата кариера на пауза и целосно им се посвети на ќерките.
Имено, таа во 2013 година го напушти снимањето на „Сулејман Величествениот“ затоа што остана во блажена состојба.
Но покрај бременоста, таа тогаш се соочи и со тежок период затоа што нејзиниот партнер не сакаше да имаат дете, па ја остави.
Таа не сакаше да го послуша и реши да го задржи бебето, целосно посветувајќи се на новата улога во нејзиниот живот.
По цела една деценија откако ја донесе оваа одлука во животот, таа се уште плени со својата убавина и неверојатен шарм.
Откако ја роди својата прва ќерка нејзиниот живот се промени за 360 степени, а во 2021 ја роди и својата втора ќерка.
Како оваа мама ужива кога е со своите наследнички, погледнете од фотографиите во продолжение…
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Сулејман Величествениот
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм