Која е Лорин, жената што влезе во историјата на Евровизија – бисексуалка, потекнува од муслиманско семејство…
Нејзиниот настап и овој пат го воодушеви целиот свет
Претставничката од Шведска Лорин (Loreen) по втор пат победи на Евровизија и ги воодушеви сите со својот настап.
Нејзината песна „Тattoo“ ја воодушеви цела Европа, исто како и „Euphoria“ во 2012 кога победи во Баку.
Лорин со оваа победа влезе во историјата на Евровизија како прва жена која два пати успеала да победи на овој натпревар.
Таа е родена во Шведска, 1983 година, во Стокхолм, како Лорин Зинеб Мора Талхаоии, во конзервативно муслиманско семејство.
Нејзините родители емигрирале од Мароко во Шведска, каде таа уште од мали нозе почнала да се занимава со музика.
Таа пред шведската публика прв пат ќе се појави во нивниот „Идол“ во 2004 година кога ќе заврши на четвртото место.
По овој натпревар нејзината кариера започнува да се движи по угорна линија, а во 2012 целито свет ќе слушне за неа по победата во Баку.
Во 2017 година ќе го привлече вниманието на светската јавност, но не заради музиката, туку со изјавата дека е бисексуалка.
Пред две години таа ќе откри дека има момче.
Инаку, победата на Лорин за Шведска доаѓа во право време – следната година навршуваат точно 50 години откако АББА победи со песната Waterloo, по што стана една од најпопуларните бендови на светот.
Фото: Принтскрин
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram