Пријател на Коста К. (13) откри морничави работи – од НЕГОВИТЕ ЗБОРОВИ никој не остана рамнодушен!
Тие заедно играле видеоигри и фудбал...
Еден ученик од основното училиште „Владислав Рибникар“ чиј идентитет е заштитен, бил близок пријател со Коста К. (13) кој го изврши злосторството што го потресе регионот.
Како што пренесуваат медиумите, тој бил заедно со него и на роденденската забава на 1 мај кога Коста на славеникот му кажал дека подарокот ќе му го донесе во среда, на 3 мај, односно на денот кога ќе го изврши крвавиот пир во кој уби осум ученици и чуварот во училиштето, а рани шест ученици и учителка по историја..
Ова момче за време на масакрот бил во соседното одделение. Тој со Коста играл задно фудбал и видео игрички, а тој ден, кога се случил масакрот, го видел својот пријател во школскиот двор.
Но ова момче не знаело дека Коста е убиецот, и за него вели дека бил мирен, пристоен и малку повлечен.
Тие заедно играле видеоигри, но и фудбал. Според него, масакрот не е поврзан со лоша оценка, бидејќи Коста немал лоши оценки.
Како што вели ова момче, еднаш бил сведок како други момчиња го опкружиле Коста во паркот и го задевале.
Тие го нарекувале со погрдни имиња и му давале имиња како „бубалица“, „несреќник“, но не видел дека го удриле.
Како што сведочи ова момче, според пишувањето на српскиот „Блиц“, Коста наводно го сменил и одделението заради малтретирање, но проблемите продолжиле и во новото одделение.
Момчето раскажува дека Коста пукал и на детето кај кое бил на роденден и на кое му кажало дека во среда ќе му го донесе подарокот.
Но за среќа, момчето успеало да скокне од прозорот и на тој начин да остане жив, пренесува „Блиц“.