Каде е проблемот со Коста (13) – таков се родил или виновни се РОДИТЕЛИТЕ?! Еве што велат психолозите
Што се случува во главата на едно тринаесетгодишно момче за да направи еден ваков страшен чин?!
Големата трагедија што се случи во Србија кога малолетниот Коста К. уби осум ученици и школскиот чувар сé уште е главна тема во медиумите.
Целиот регион е во шок по страшниот масакр, досега невиден на овие простори што го направи 13-годишното момче во основното училиште „Владислав Рибникар“ во белградската населба Врачар. Тој е осомничен за убиство на девет лица, осум ученици и школскиот чувар Драган.
Поради неговото свирепо злосторство многумина се уште се прашуваат што го натерало да направи еден ваков страшен чин.
Откриено е што истражувал Коста К. (13) на интернет во деновите непосредно пред да ги изврши убиствата, а на масата пронајдени се две ливчиња – на едното е исцртана мапа од училиштето, а на другото се наоѓа список со имиња на децата коишто имал план да ги ликвидира.
На списокот биле 16 деца, а како што пренесуваат медиумите, тие се нашле на истиот бидејќи, наводно, биле подобри од него.
Извор упатен во истрагата, а како што пренесуваат српските медиуми, Коста тоа го направил затоа што овие деца со многу помалку труд го имале истиот резултат во училиште, па дури и подобар од него.
Наводно Коста бил спартански воспитуван од своите родители кои од него барале беспрекорен успех, па тој решил да се „освети“.
Како што пишува српскиот „Блиц“, родителите наводно момчето го викале „мал генијалец“ и го носеле на најразлични активности.
Па така покрај обврските околу училиштето, тој одел и на странски јазици, на часови по музика и глума, тренирал спорт, а истовремено бил и одличен ученик и победувал на неколку градски натпревари.
Од овие информации стручните лица веруваат дека момчето убиец од некоја причина нема оформено важна компонента на личноста, а тоа е таканареченото суперего. Во прашање е етичка компонента на некоја личност која на истата и дава морални стандарди.
Овој дел од личноста се развива во првите пет години од животот кај детето, и тоа како реакција на родителска казна или одобрување.
Секое дете на овој начин ги осознава моралните вредности на своите родители, но и какви се правилата и стандардите во семејството и општеството во кое што расте и врз овие вредности кај него се формира суперего кое ја контролира агресијата и сите останати несакани импулси.
Кога детето ќе има правилен развој и воспитување, тоа чувствува вина или анксиозност при кршење на етичките стандарди поставени од своето суперего и има потреба да се искупи за направените грешки. Врз баз на она што досега можеше да се заклучи од објавите во медиумите, кај детето убиец ништо од горенаведеното очигледно не постои.