Ја уби во салон за убавина, па се самоуби – ова се момчето и девојката од Нови Сад што завршија трагично
Уште една голема трагедија во Србија
Како што пренесуваат медиумите, мажот најпрво пукал во својата партнерка, а потоа и самиот си пукал во главата…
Граѓаните на Србија се уште се под шок од големите трагедии што се случија претходната недела, така што вчерашното убиство и самоубиство дополнително внесе немир меѓу нив.
Како што објавија нивните медиуми, убиецот влегол во еден солариум во Нови Сад каде што пукал најпрво во својата девојка (26), која починала на лице место, а потоа и самиот на себеси во главата.
Мажот починал од здобиените повреди, а како што пренесуваат медиумите, тој бил сопственик на продавница за оружје која се наоѓала во близина на солариумот во кој што ја убил девојката.
Станува збор за лицето В.Р. (36) кој ладнокрвно ја уби својата девојка во Нови Сад и кој од порано и е познат на полицијата.
Наводно, на убиецот му била изречена забрана за доближување кон девојката, а му било одземено и целото оружје заради физичкото насилство над убиената девојка што се случило пред неколку недели.
Маркетинг
Полицијата претпоставува дека го украл оружјето со кое го извршил злочинот, а познато е и дека бил ловџија.
Девојката И.Р. починала на лице место, а од здобиените повреди што самиот си ги нанел пукајќи си во главата, починал и убиецот.
Солариумот во кој што пукал во својата поранешна девојка бил во нејзина сопственост, а во моментот на злосторството во салонот била присутна и работничка која успеала да избега од локалот.
По убиството на својата поранешна девојка, тој изврши самоубиство пукајќи си со истото оружје во главата.
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм