Реклама
Наши ѕвезди

Јосифовски откри дека наскоро очекува да стане татко?! ПОДГОТВЕН СУМ, жените се дар од Господ (фото)

„Ќе биде и тоа наскоро“, вели познатиот пејач...

Реклама

Македонскиот рокер Александар Јосифовки пред камерите на Гранд го најави својот нов музички проект.

Како што самиот вели за споменатиот медиум, станува збор за вистинско изненадување за фановите, посебно што во проектот ќе учествува и неговиот поранешен ментор во „Ѕвездите на Гранд“, Ѓорѓе Давид.

Тие задно веќе подготвуваат неколку концерти што ќе започнат во мај, а покрај Ѓорѓе ќе учествува и Ивана Петерс.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Јосифовски за сега не сака премногу да го открива изненадувањето, но вели дека рок музиката е она што сакаат да го работат и дека за сите новини ќе ги извести своите фанови преку социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Инаку, Александар неодамна одржа промоција на својата нова песна „Пусти ноќи“ во Белград на која беа бројни колеги од естрадата, но речиси и сите од Гранд продукција. Тој е пресреќен што тие беа присутни на овој настан кој за него е од посебно значење, а откри и дека подготвува дует со својата мајка Елизабета.

Маркетинг
Фото: Фејсбук/ Елизабета Неданоска-Јосифовски

Имено, неговата мајка е Елизабета Неданоска-Јосифовски, македонска пејачка која се прослави со песната „Ем го мразам, ем посакувам“.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Таа со оваа песна од 1996 година ја освои македонската публика, но својата кариера ја стави на пауза кога замина за Австралија.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Инаку, Јосифовски веќе долги години е во вонбрачна заедница со својата избраничка Теодора со која подготвуваат свадбена веселба.

На прашањето кој во нивниот дом го има главниот збор, пејачот одговори џентлменски дека жените се дар.

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

„Не е сé во убавината, жените репродуцираат живот, жените едноставно се цвет и секако дека морам да попуштам“, објасни Јосифовски.

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

И бидејќи спомна репродукција, новинарите на Гранд го прашаа дали посакува наскоро да се оствари во улога на татко, на што тој одговори:

„Ќе биде и тоа наскоро. Се надевам, но тоа му го оставам на Господ. Тоа е една виша сила. Искрено би сакал да се остварам во улога на татко, но и Теодора тоа го посакува. Мислам дека сум подготвен за улога на татко, вели пејачот и ги изненади сите со својот одговор.

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button