Никого не остави рамнодушен…
Познатата турска актерка Мерјем Узерли се прослави со својата улога на султанката Хурем во легендарната серија „Сулејман Величествениот. Султанката оттогаш важи за една од најпознати актерки во Турција и денес секоја нејзина објава на социјалните мрежи предизвикува големо внимание. Така беше и овој пат кога Мерјем објави фотографија на која е без грам шминка и со која предизвика лавина од реакции меѓу своите бројни обожаватели од целиот свет.
И покрај тоа што откако стана мајка многу ретко ја гледаме на малите екрани, Мерјем се уште важи за една од омилените актерки на сите оние простори во кои што се емитуваше „Сулејман Величествениот“.
Но и покрај тоа што нејзината актерска кариера стагнира во последно време таа е многу активна на социјалните мрежи каде речиси секојдневно објавува нови фотографии.
Мерјем овој пат на својот Инстаграм сподели фотографија од 2022 година со која се присети на подготовките за едно снимање.
Во нејзиното крило седи нејзината ќерка, додека шминкерите и фризерите ја подготвуваат за пред камери.
Инаку, Мерјем со оваа фотографија откри и дека наскоро се враќа на малите екрани со што посебно ги израдува своите фанови.
Речиси сите се воодушевени од нејзиниот природен изглед што може да се забележи и од бројните коментари.
Па, дали ви се допаѓа султанката во ова издание?
Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли
Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли
Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли
Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли
Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли
Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли
Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли