Реклама
Наши ѕвезди

“Оние кои ме озборуваат ми го полнат џебот”: Агнеса искрено за хејтерите- постојано зборуваат за мене а ништо не правам

Реклама

Агнеса Органџиева денес важи за една од највлијателните инфлуенсерки кај нас а македонската јавност ја запозна пред повеќе од 2 години, кога доживеа јавен развод.

фото инстаграм/Агнеса Органџиева

Имено, нејзиниот поранешен сопруг, преку фејсбук статус објави дека се разведуваат и се крена голема галама.

фото инстаграм/Агнеса Органџиева

Скопјанката Агнеса Органџиева за кратко време стана една од најпознатите македонки на социјалните мрежи.

Маркетинг
фото инстаграм/Агнеса Органџиева

Само на нејзиниот Инстаграм профил има над 100 000 следбеници.

фото инстаграм/Агнеса Органџиева

Денес важи за една од најконтроверзните но и најзгодни дами во Македонија. После јавниот развод нејзината популарност на социјалните медиуми вртоглаво порасна, а денес нема бренд што не ја бара за соработка и маркетинг.

Маркетинг
фото инстаграм/Агнеса Органџиева

Викендов Агнеса беше гостинка во емисијата на Снеже Велков, “Нешто Конкретно” и на темата озборувачи имаше што да каже.

фото инстаграм/Агнеса Органџиева

Имено таа истакна дека секогаш озборуваат оние на кои си им важен или пак кои завидуваат на успехот на одредена личност.

фото инстаграм/Агнеса Органџиева

-Оние кои озборуваат се љубоморни, празни во душите, несреќни од домот, фамилијата, и едноставно кога ќе се појави некоја личност како Агнеса, Нора. Самата појава ги фрустрира. Ме гледаат мене на портал, дотерана и ома се гневни, тоа доаѓа одвнатре. Некогаш подобро би било да го прекинеш тој гнев, да ставиш еден лајк, на сликата, така ќе биде посреќна особата. Мора да се борат за душевен мир, рече Агнеса.

фото инстаграм/Агнеса Органџиева

– На почетокот читав коментари, да боли, едноставно доаѓаш до некој момент кога сфаќаш мирот каде е, деца имаш дома,поголемата ќерка ми вика мамо не читај и толку крај. После децата ми ги факаат, тука збеснувам, за мене што сакате зборувајте но децата не ми ги пипкајте, истакна Агнеса.

фото инстаграм/Агнеса Органџиева

-Жените озборуваат најчесто. Оние кои не ме познаваат си даваат право да озборуваат. Имаше една ситуација кога една девојка пишуваше дека јас изгледам онака како што изгледам, моите ќерки биле пополни, едноставно така сакам да биде. Потоа седам на кафе, се погодува истата девојка пред мене, ми вели Агнеса може едно селфи, јас и велам девојко, прво ќе седнеш со мене, да испиеме кафе, да ме запознаеш а не поради една фотографија да даваш мислење. Седна девојката, се извини и потоа се фотографиравме.

фото инстаграм/Агнеса Органџиева

-Јас си имам свој фидбек кога ме озборуваат. Се полни Инстаграм, џепчето се полни, и мене ми одговара тоа, рече познатата инфлуенсерка.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button