Нов мурал од Тито како со сонча под палми во црвени гаќички и мистериозната Вила Билјана покрај Охридското Езеро
Во хрватскиот град Ровињ осамна мурал н Тито како се сонча под палми облечен само во црвен костим за капење.
Тито на муралот е прикажан како ужива на лежалка под палмите, со очила за сонце на главата и со прекрстени нозе.
Муралот се вика Ел Президенте, а авторот Борис Баре го замислува Тито во вакво издание како лежи на Бриони.
„Муралот настана во склоп на Ретаил Паркот во Ровињ. Темата беше лето и Ровињ, а муралот со Тито за мене нема никаква политичка порака, сакав само да го прикажам удобниот живот со плажа и лето“, изјави авторот на овој несекојдневен мурал за хрватскиот портал Индекс.хр.
Вилата Билјана на Јосип Броз Тито
Малкумина знаат дека доживотниот претседател на некогашната СФРЈ имал 34 вили на најубавите локации во земјата.
Во прашање се зданија од кои застанува здивот, отмени резиденции изградени од најскапите материјали со внатрешност која потсетува на замок на некој европски благородник. Една од нив е и вилата Билјана во Охрид, позиционирана на клиф со најубав поглед кон неодоливото Охридско Езеро.
Оваа вила долго време беше една од официјалните резиденции на Маршалот, но и денес мног малку информации се достапни за неа. По распадот на поранешна СФРЈ Вилата Билјана апочнаа да ја користат политичарите на Македонија и денес таа е во сопственост на владата и Претседателот на Македонија. Бидејчи вилата се користи за сместување на високи владини политичари, пристапот е строго забранет за јавноста и вилата деноноќно е лувана.
Како што велат мештаните, од вилата со внатрешен лифт се излегува на убава приватна плажа со песок.
Vila Biljana from the Lake Ohrid. #ohrid #travelling #traveler pic.twitter.com/TFbeqLEsDQ
— Zoltan Rajki (@rzoltan42) April 24, 2020
Вилата во минатото е посетувана од многу светски државници како Бан Ки Мун, Леонид Кучма, Слободан Милошевиќ, Сергеј Лавров, Фатмир Сејдиу, Жозе Мануел Бороз и многу други.
Titova vila na Ohridu – Vila Biljana pic.twitter.com/sXjPLksRb5
— Lovac na neke od njih! (@Sabljalo) March 18, 2023
Инаку, токму во оваа мистериозна вила неодамна беше одржан и дијалогот помеѓу Белград и Приштина.
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин