Погледнете како изгледа раскошниот топол дом на Шехерзад – сé е БОЖЕНСТВЕНО, украсено со многу љубов и внимание
Оваа жена внимавала на секој детаљ во нејзиниот дом
Познатиот турски пар ужива во мирниот семеен живот, а за тоа зборува и нивниот преубав дом во Лондон.
Познатите турски актери Бергузар Корел (40) и Халит Ергенч (52)се во брак од 2009 година.
Тие имаат три деца – Али, Хан и Лејла,а од пред неколку години имаат свој топол дом и во Лондон.
Имено, тие веќе неколку години живеат на релација Истанбул-Лондон, каде нивниот најстар син оди на училиште.
„Али е талентиран за музика, и како родители мораме да направиме се за да ги оствари своите соништа“, изјави порано Халит.
Од тие причини наследникот на најпознатиот турски пар се школува во Лондон каде неговите познати родители неодамна решија да купат луксузен имот.
Во прашање е раскошна недвижнина која се наоѓа во лондонската населба „Нотинг хил“ и која целосно е уредена со многу љубов и внимание. Како што самата Бергузер во една пригода истакна, таа во хороскоп е Девица и затоа сака секоја просторија во која престојува да е исполнета со топлина. Од овие причини и нивниот дом во главниот град на Англија зрачи со топлина, исполнет со жолти и зелени тонови. На секој чекор се наоѓаат свеќи, а просторот е поприлично осветлен благодарение на големите прозори.
Со посебно внимание и љубов е уредена и детската соба во која ќе се игра Лејла Ергенч, најмладото дете на познатиот пар.
Како изгледа модерниот луксузен дом на Бергузар и Халит, и како тие живеат, погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм