Девојката со крилјата покажа како ужива со своето бебе – ОВА Е НАЈУБАВОТО НЕШТО што ќе го видите денес на Инстаграм
Дејана Бачко, попозната како Девојката со крилјата, објави снимка на која се гледа како ја чешла својата ќерка.
Дејана и нејзиниот партнер, Марко Нежиќ неодамна се остварија во улога на родители, а Девојката со крилјата откако излезе од болница на својот Инстаграм профил постојано објавува како се снаоѓа во новата улога.
Таа сега објави видео на кое се гледа како ја чешка својата наследничка со ногата и никого не остави рамнодушен.
Под објавата се уште се нижат коментари на поддржа и воодушевување од страна на нејзините бројни следбеници.
Дејана сподели и една семејна фотографија од нивната прва прошетка на која не ја трга насмевката од своето лице.
Потсетуваме, Дејана се породи при крајот на февруари која роди здраво женско дете на кое му го даде името Лара, што на грчки значи победа.
Таа и покрај својот хендикеп, се занимава со сликарство, но и со спорт и е повеќекратен шампион во теквондо.
Таа е успешна млада дама, а посебно се има истакнато како сликарка. Како што самата вели, Бог и ги одзел рацете, но и подарил крилја, така што сега само небото и е граница. За неа не постојат препреки и таа денес може да прави сé како и сите останат, и тоа само со своите нозе.
Покрај сликањето и теквондо, таа сака и да патува, плива, игра фудбал, а нејзино мото е „Верувај во себе и ќе леташ високо“.
Фото: Инстаграм/ Дејана Бачко
Фото: Инстаграм/ Дејана Бачко
Фото: Инстаграм/ Дејана Бачко
Фото: Инстаграм/ Дејана Бачко
Фото: Инстаграм/ Дејана Бачко
Фото: Инстаграм/ Дејана Бачко
Фото: Инстаграм/ Дејана Бачко
Фото: Инстаграм/ Дејана Бачко
Фото: Инстаграм/ Дејана Бачко
Фото: Инстаграм/ Дејана Бачко
Фото: Инстаграм/ Дејана Бачко
Фото: Инстаграм/ Дејана Бачко
Фото: Инстаграм/ Дејана Бачко
Фото: Инстаграм/ Дејана Бачко
Фото: Инстаграм/ Дејана Бачко