Порасна синот на Слаткар и Сања: Малиот Моша е КОПИЈА НА ТАТО – убава причина за славење во нивниот дом
Популарниот македонски рапер покажа како изгледа неговиот син.
Слаткар првпат објави фотографија од лицето на неговиот син и соопшти убава вест.
Убава причина за славење имаше во домот на раперот Марко Маринковиќ – Слаткар и неговата сопруга, некогашната манекенка и водителка Сања Николиќ.
Сања и Слаткар беа неколу години во врска пред да го кажат судбоносното „да“.
Во 2014 година тие направија свадба за паметење. За таа веселба се зборуваше долго после тоа.
Свадбената церемонија се случи во еден скопски ресторан, во кој присуствуваа многу нивни пријатели и блиски луѓе. Делови од свадбата беа искористени и за видео записот на Слаткаристика за песната „Кажи да”, преку кој може да се забележи дека сите присутни лудо се забавувале.
И двајцата не се многу активни на социјалните мрежи и ретко зборуваат јавно за својот приватен живот.
Пред 3 години тие го добија најубавиот подарок во животот – синот Моша.
И двајцата споделуваа објави на своите Инстаграм профили со Моша, но никогаш не го покажаа неговиот лик.
Конечно, после 3 години, Слаткар одлучи да го покаже слаткиот Моша и објави негови фотографии.
По повод третиот роденден на неговиот наследник, Слаткар објави и нова песна насловена „Насмевка“, посветена токму на Моша.
„Среќен ти роденден Животе мој!
Оваа среда ќе го добиеш најскапиот подарок.
На 19-ти Април, во 19:00 часот излага мојот нов сингл “Насмевка”, соопшти раперот.
ФОТО: Инстаграм / Слаткаристика
ФОТО: Инстаграм / Слаткаристика
ФОТО: Инстаграм / Слаткаристика
ФОТО: Инстаграм / Слаткаристика
ФОТО: Инстаграм / Слаткаристика
ФОТО: Инстаграм / Слаткаристика
ФОТО: Инстаграм / Слаткаристика
ФОТО: Инстаграм / Слаткаристика
ФОТО: Инстаграм / Слаткаристика
ФОТО: Инстаграм / Слаткаристика
ФОТО: Инстаграм / Слаткаристика
ФОТО: Инстаграм / Слаткаристика
ФОТО: Инстаграм / Слаткаристика
ФОТО: Инстаграм / Слаткаристика
ФОТО: Инстаграм / Слаткаристика