Каква срамота: Бремена жена натерана да да клекне и да го исчисти нередот од нејзиното дете во авион

Џеси Џејмс Декер јавно раскажа што доживеала нејзината сестр Сиднеј по летот соЈунајтед ерлајнс.
35-годишната кантри пејачка се огласи на Инстаграм со долга текстуална објава во која ја навреди авиокомпанијата во неделата.
Таа реагираше откако сопругот на нејзината сестра Сиднеј Реј Бас, Ентони Бас, се пожали на социјалните мрежи во неделата дека авиокомпанијата Јунајтед ја принудила неговата бремена сопруга да клекне на раце и колена за да ги исчисти залутаните пуканки што ги испуштила нивната ќерка за време на летот.
Жалбата покрена голема дебата на социјалните мрежи, спротивставувајќи ги оние кои сметаат дека е непристојно да се очекува од екипажот да чисти, додека други кои тврдеа дека екипажот е платен да се погрижи за нередот после патниците.
„Мојата сестра @sydneyraebass штотуку ми испрати порака од нејзиниот лет на @united“, напиша Џеси во објавата.„Како што знаете, таа е бремена во петтиот месец, со висок ризик, а исто така патува сама со своите две мали деца.
Блер случајно истурила пуканки по патеката“ напиша Декер.

Нејзината сестра Сиднеј и ејзиниот сопруг Ентони ја имаат ќерката Бруклин (5), а парот, исто така, ја посвои и помладата ќерка Блер во 2020 година. Блер, наводно, истурила дел од нејзините пуканки.
„Стјуардесата ѝ се приближила на Сиднеј со вреќа за отпадоци и влажно марамче, велејќи и дека капетанот сака Сид да ја исчисти секоја пуканка“, тврди Џеси.

Таа напиша дека нејзината сестра морала да клекне на „рацете и колената“, и дека понижувањето ја довело до солзи.
„Ако пуканките се опасност, зошто ги даваат во авиони? праша таа.
Џеси ги информираше своите следбеници дека од авиокомпанијата подоцна ја контактирале нејзината сестра, но дека на Сиднеј отанува да ги раскаже деталите.
