Новости

Никогаш нема да јаде банани повеќе: Купувач се шокирал кога го отворил ќеето со банани

Advertisement

Еден купувач се преплашил кога пронашол џиновски пајак-ловец во неговата торба со банани Tesco.

Крег Харисон (35) веќе излупил и изел една од бананите пред да го забележи женскиот пајак – и вреќата со јајца во која имало 200 негови бебиња.

Овој вид пајак е еден од најголемите во светот и може да има распон на нозете и до 15 сантиметри.

Advertisement

Харисон кој е ИТ работник од Виндзор, Беркшир, рекол дека бил во „шок“ кога го видел пајакот и дека од шокот паднал наназад бидејќи изгубил рамнотежа.

Тој бил запрепастен откако видел дека пајакот има и вреќа со јајца, во која може да се изведат и до 200 бебиња.

ФОТО: Принтскрин

Купувачот сега бара компензација од супермаркетот Tesco, велејќи дека претходно не се плашел од пајаци, но по оваа средба тоа се променило.

Advertisement

Пајаците ги привлекуваат бананите и често се кријат во нив.

Нивното каснување не е смртоносно, но може да предизвика повраќање, главоболки и прерипување на срцето.

ФОТО: Принтскрин

Од супермаркетот му испратиле извинување на Харисон и му понудиле 100 фунти како компензација, но тој вели дека сака повеќе.

Од супермаркетот изјавија за The Sun: „Имаме силни процеси за да ги спречиме пајаците да патуваат со нашето овошје, но во многу ретки прилики тие понекогаш можат да се прикрадат“.

ФОТО: Принтскрин

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button