Сѐ за убавина: Тик Ток ѕвезда ја испрскала косата со лепило – погледнете што ѝ се случило

Една жена откри дека ја средила косата со спреј Gorilla Glue и не можела да ја мрда еден месец – дури и по петнаесетото миење.
Тесика Браун, која е позната како @im_d_ollady на TikTok е од САД, ги запрепасти корисниците на социјалните мрежи откако откри својот трик за убавина во нејзиното вирално видео што е прегледано повеќе од 9,8 милиони пати.
„За оние од вас кои ме познаваат, знаете дека мојата коса е ваква веќе околу еден месец“, рече таа на почетокот на клипот.

Долгата коса на Тесика е сплетена во плетенка и воопшто не мрда, секое праменче е на свое место, а таа ја откри причината за тоа.
„Кога ја средувам косата, сакам да ја завршам со малку Göt2b спреј, знаете, само за стои на своето место. Па, немав повеќе Göt2b Glued Spray, па го користев ова: Gorilla Glue спреј. Лоша, лоша, лоша идеја“, раскажа девојката.

Таа потоа ја тапкаше главата за да покаже како спрејот за лепило ја претвори нејзината коса во цврста, неподвижна кацига.
„Погледнете, не мрда. Ја измив косата 15 пати и не се мрда“, кажатаа.
Тесика го заврши своето видео со неколку совети: „Ако некогаш, некогаш ви снема Göt2b Glued Spray, никогаш не го користете ова. Освен ако не сакате вашата коса засекогаш да биде таква“.

Повеќе од 75.000 корисници на TikTok го коментираа видеото, а многумина признаа дека биле шокирани од нејзината приказна.
Горила Глу всушност го коментираше видеото на Тесика, советувајќи ја да испрска мешавина од алкохол и вода на косата и да се обиде да го отстрани лепилото.
Брендот истакна дека нејзината коса „може да биде оштетена“ од лепилото, објаснувајќи: „Ќе биде потребно извесно време да се отстрани бидејќи е таму веќе еден месец.

ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин