Досега не сме ја виделе во вакво издание: Тања Кочовска СЕ СТЕГНА ВО МИНИ СУКЊА – одлично ѝ прилега
Популарната македонска актерка се појави во издание каква ја немаме видено досега.
Тања облече мини здолниште, а за изгледот доби многу комплименти.
Актерката Тања Кичовска е една од најангажираните актерки на нашата сцена.
Активна е и на социјалните мрежи каде често може да се видат и фотографии од нејзиниот приватен живот.
Долги години е во брак со нејзиниот колега Предраг Павловски и се вистински пример дека љубовта може да опстои и покрај тоа што партнерите се од иста професија.
Од првиот брак со актерот Владимир Ендровски Љац, Тања го има 31-годишниот син Александар, а од бракот со Предраг 25-годишната Нела.
Иако сѐ започнало на шега, еве и ден денес парот живее сложно и ја одржува својата љубов.
„Ние сме си пар којшто си се сака, којшто живее многу убаво. Не дека нема лоши моменти. Меѓутоа сме среќен, задоволен пар, се уште сме здрави и живи, си работиме разговараме за сѐ. Во суштина можат само да ни позавидат“, кажа актерката.
Тања отсекогаш важела за самоуверена жена која одлично се носи со вишокот килограми.
Воопшто нема проблем и да се облече во кратко и во тесно, а најновата фотографија на нејзиниот профил на Фејсбук е доказ за тоа.
Таа објави фотографии од нејзините театарски улоги а на една од нив таа е облечена во мини здолниште.
Мора да се признае дека одлично ѝ прилега. Погледнете:
ФОТО: Фејсбук / Тања Кочовска
ФОТО: Фејсбук / Тања Кочовска
ФОТО: Фејсбук / Тања Кочовска
ФОТО: Фејсбук / Тања Кочовска
ФОТО: Фејсбук / Тања Кочовска
ФОТО: Фејсбук / Тања Кочовска
ФОТО: Фејсбук / Тања Кочовска
ФОТО: Фејсбук / Тања Кочовска
ФОТО: Фејсбук / Тања Кочовска
ФОТО: Фејсбук / Тања Кочовска
ФОТО: Фејсбук / Тања Кочовска
ФОТО: Фејсбук / Тања Кочовска
ФОТО: Фејсбук / Тања Кочовска